Андроник IV Палеолог

From Wikipedia, the free encyclopedia

Андроник IV Палеолог
Remove ads

Андроник IV Палеолог (2 април 1348 28 јуни 1385 ) — виантиски цар од 1376 до 1379 година.

Кратки факти Цар на Византија, На престол ...
Remove ads

Живот

Андроник IV Палеолог бил најстариот син на Јован V и неговата сопруга Елена Кантакузина. Негови дедо и баба од страна на мајка му биле Јован VI и Ирина Асанина.

Иако бил совладетел со неговиот татко од почетокот на 1350-ите, Андроник IV се побунил кога османлискиот султан Мурат I го принудил Јован V да стане вазал во 1373 година. Андроник IV се здружил со Муратовиот син Савчи Бег, кој пак се побунил против сопствениот татко, но и двата бунта пропаднале. Мурат I го ослепил и погубил својот син и побарал Јован V да го ослепи и Андроник IV, но Јован V го ослепил Андроник само на едното око.[1]

Владеење

Во јули 1376 година, џеновјаните му помогнале на Андроник да избега од затворот, одкаде се упатил директно кон султанот Мурат I, и се согласил да го врати Галиполе, а за возврат да ја добие неговата поддршка. Галиполе бил заземен од византијците пред 10 години, со помош на Амадеј VI Савојски. Султанот за возврат му дал мешана сила од коњаница и пешадија, со кои Андроник бил во можност да ја преземе контролата на Цариград. Така тој успеал да го зароби и затвори Јован V и неговиот син Мануил.

Сепак, тој направил грешка кога ги поддржал џеновјаните отстапувајќи им го Тенедос. Тамошниот владетел одбил да го предаде островот и им го дал на венецијанците. Истата година, 1377 година, го крунисал својот млад син Јован VII како совладетел. Сепак во 1379 година Мануил избегал кај султанот Мурат, и со помош на венецијанците, го соборил Андроник при крајот на годината. Венецијанците го поставиле Јован V на престолот, и Мануил II. Андроник избегал во Галата, и останал таму до 1381 година, кога повторно бил прогласен за совладетел и наследник на престолот и покрај претходните предавства. Андроник IV исто така го добил и градот Селимбрија (Силиври) како негово лично владение. Сепак, тој починал пред својот татко во 1385 година, и никогаш не владеел како законски владетел.

Remove ads

Семејство

Со својата сопруга Кераца Марија, ќерка на Јован Александар и неговата втора сопруга Сара-Теодора, Андроник IV имал три деца:

Семејно стебло

Наводи

Дополнителна литература

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads