Анкара
Главен град на Турција From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Анкара (турски Ankara, во византискиот период, латински Ancyra во римскиот, до 1930 година познат под името Ангора, а во древноста и како Анкира) е главниот град на Турција и вториот по големина град во државата по Истанбул.

Градот брои 5 153 000 жители.
Историја
Градот е основан во 7 век п.н.е. Стариот дел на градот има типичен средновековен вид. Во 14 век градот потпаднува под власта на османските Турци.
Градот Ангора од 1919 година е седиште на народната влада на Мустафа Кемал Ататурк, кој започнал борба за ослободување на турските територии од османлиска власт. Во 1923 година Кемал паша ја прогласил Ангора за главен град на Турција, а 1930 година градот го променил и своето име во Анкара.
Remove ads
Географија
Анкара се наоѓа во Централна Анадолија на 938 метри надморска височина.[1] Анкара има континентална клима. Летата се топли и сушни а зимите снежни и студени. Во околината на овој град се наоѓаат градовите: Џанкири и Нолу на север, Ескишехир на запад, Конија и Аксарај на југ и Крккале и Киршехир на југ. Градот со сите други места е поврзан по пат на современи автопатишта а таму се наоѓа и големиот анкарски меѓународен аеродром. Градот се состои од северен дел кој е зачуван и датира уште од средниот век. На јужната страна од градот пак се наоѓа помодерната архитектура од денешно време, дел кој е подигнат по 1923 година.
Координати: 39° 55' С, 32° 51' И.
Remove ads
Знаменитости
• Аниткабир – мавзолеј на Ататурк, таткото на модерна Турција. Во склопот на мавзолеот се наоѓа и восочната фигура на Кемал, неговите списанија, писма, лични работи со кои се служел во текот на животот, фотографии и слично
• Етнографски музеј – се наоѓа до зградата на операта Улус. Овој музеј содржи колекции од народни носии од времето на отоманската и селџучката епоха
• Музеј на анадолската цивилизација – се наоѓа на влезот во дворецот Анкара
• Музеј на ликовните и вајарските уметности - во кој се наоѓаат многу турски колекции од 19 век па сè до денес
• Претседателската библиотека - една од најголемите библиотеки во светот, отворена во 2020 година
Збратимени градови
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads
