Антарктички Полуостров

голем полуостров на Антарктикот From Wikipedia, the free encyclopedia

Антарктички Полуостров
Remove ads

Антарктичкиот Полуостров, познат и како О'Хигинсова Земја во Чиле и Сан Мартинова Земја во Аргентина, а порано и како Грахамова Земја во Обединетото Кралство и Палмеров Полуостров Палмер во САД, е најсеверниот дел од Антарктичкиот континент.

Thumb
Карта на полуостровот Антарктик
Thumb
Местоположба на Антарктичкиот Полуостров во рамките на Антарктикот

Антарктичкиот Полуостров е дел од поголем полуостров во Западен Антарктик, со должина од 1300 км од линијата помеѓу 'Ртот Адамс (Веделово Море) и точката на континентот јужно од Еклундските Острови. Огнената Земја, најјужната точка во Јужна Америка, се наоѓа на растојание од околу 1000 км од Антарктичкиот Полуостров и тие се раздвоени меѓусебе со Дрејковиот Премин.[1]

Површината на Антарктичкиот Полуостров изнесува 522.000 км2, а 80% од неа е покриена со мраз.[2]

Денес на Антарктичкиот Полуостров има многу истражувачки станици, а за суверенитет врз полуостровот меѓусебно спорат: Аргентина, Чиле и Обединетото Кралство. Ниту едно од овие барања не е меѓународно признато. Британското барање е признаено од Австралија, Франција, Нов Зеланд и Норвешка. Аргентина има најмногу бази и персонал стациониран на полуостровот.

Remove ads

Историја

Откривање и именување

Антарктичкиот полуостров бил откриен на 30 јануари 1820 година (само два дена откако Првата руска антарктичка експедиција предводена од Тадеус Белингсхаузен и Михаил Лазарев го здогледала, но не препознала дека се работи за копно) од страна на британската експедиција предводена од Едвард Брансфилд и Вилијам Смит. Тие биле првите кои оцртале дел од Антарктичкиот Полуостров. Областа била наречена Тринити и го претставува крајниот североисточен дел од Анарктичкиот Полуостров. Следен кој дошол тука во 1832 година бил Џон Биско, британски истражувач, кој северниот дел од Антарктичкиот Полуостров го нарекол Греамова Земја.[1][3]

Долгогодишната разлика во именувањето на полуостровот (во САД го викале „Палмеров Полуостров, а во Британија „Греамова Земја“) била решена во 1964 година со Договорот за името на „Антарктичкиот Полуостров“. Спорот се решил така што Греамовата Земја беше дел од Антарктичкиот Полуостров северно од линијата што ги поврзува ’ртовите Џереми и Агасис. Палмеровата Земја е именувана по американскиот ловец на фоки Натаниел Палмер. Чилеанското име за полуостровот, О'Хигинсова Земја, е во чест на Бернардо О'Хигинс, чилеански патриот и антарктички визионер. Повеќето други земји од шпанско говорно подрачје го нарекуваат Антарктички Полуостров (la Península Antártica), но Аргентина, полуостровот го вика Сан Мартинова Земја (Tierra de San Martín).

Истражувачки станици

Thumb
Германски истражувачки брод „Поларна ѕвезда“ (Polarstern) кај британската истражувачка станица Ротера

Првите истражувачки станици на Антарктикот биле основани за време на Втората светска војна со британска воена операција, операција Табарин.[4]

Од 1950-тите години забележано е значително зголемување на бројот на истражувачки бази, а Британија, Чиле и Аргентина спорат за суверенитет врз областа.[5] Најчесто се истражувале метеорологијата и геологијата.

Бидејќи полуостровот има најблага клима на Антарктикот, тука има најголема концентрација на истражувачки станици на овој континент. Денес на Антарктичкиот Полуостров има многу напуштени научни и воени бази. Во Аргентинската база Есперанца се родил Емилио Маркос Палма, првиот човек роден на Антарктикот.[6]

Remove ads

Геологија

Антарктикот бил дел од суперконтинентот Гондвана. Од ова време потекнуваат ордовицијанските и девонските гранити и гнајсите пронајдени на пристапот Скар и Полуостровот Јоерг, а карбоноферозните тријашки карпи на Полуостровот Тринити се седиментни карпи. Вулканските карпи од Огнениот Прстен се издигнале во Јура, за време на распаѓањето на Гондвана, и се појавиле во источниот дел од Греамовата Земја како наслаги од вулканска пепел. Вулканизмот долж западниот дел од Греамовата Земја датира од Креда до денес. Карпите во западниот дел од Греамовата Земја содржат и андезитна лава и гранит од магмата и укажуваат на тоа дека Греамовата Земја била продолжение на Андите. Дрејковиот Премин се создал пред околу 30 милиони години со што Антарктикот се одделил од Јужна Америка. Островот Јужен Шетланд се одвоил од Греамовата Земја пред околу 4 милиони години како вулкански расед формиран во Брансфилдовиот Проток. Долж овој расед има три заспани вулкни: Секира, Три Сестри и Орка. Островот Десепшн е активен вулкан на јужниот крај од оваа зона на расцеп.[7]

Remove ads

Географија

Thumb
Географска карта на Антарктикот
Thumb
Сателитска слика на Антарктичкиот Полуостров
Thumb
Релјефна мапа

Полуостровот е планински, со врвови кои се издигнуваат на околу 2800 метри. На Антарктичкиот Полуостров се наоѓаат: врвот Дешанел, планината Кастро, планината Коман, планината Гилберт, планината Џексон, планината Хоуп, на која е највисокиот врв со 3239 метри,[8] планината Вилијам, планината Овен и планината Скот. Овие планини се сметаат за продолжение на Андите од Јужна Америка, со подводен срт или гребен кој што ги поврзува.[9] Шкотскиот лак е островски лачен систем кој ги поврзува планините од Антарктичкиот Полуостров со оние на Огнена Земја.

Пределите на полуостровот се типична антарктичка тундра. Полуостровот има остар висински градиент, со ледници кои се влеваат во Ларсеновата Ледена Плоча, кој во најголема мера се распаднал во 2002 година.

Островите покрај полуостровот се претежно покриени со мраз и со пловечки мраз се поврзани со копното.[10] Лемеровиот Канал е популарна дестинација за туристички бродови кои го посетуваат Антарктикот. На запад се наоѓа Белингсхаузеновото Море, а на север е Морето Скоша. Антарктичкиот Полуостров и 'Ртот Хорн создаваат ефект на инка, која ги насочува ветровите во релативно тесниот Дрејков Премин

Клима

Thumb
Поглед на северниот дел од Антарктичкиот Полуостров во пролет
Thumb
Ледникот Хоуп Беј, 2012 година

Климата на Антарктичкиот Полуостров е најблага во споредба со остатокот од континентот. Најтопол месец е јануари, со просечни температури од +1-2 °C. Најстуден месец е јуни, со температури од -15-20 °C. Климата на западниот брег на полуостровот се класифицира како крајбрежна Антарктичка климаи е најблага (на полуостровот). Во овој дел температурите надминуваат 0 °C 3 до 4 месеци во годината, а на зима ретко паѓаат под -10 °C. На западниот брег јужно од 68-та паралела, како и на североисточниот брег на полуостровот, просечните месечни температури надминуваат 0 °C само 1 до 2 месеци во текот на годината, а просечните зимски температури изнесуваат околу -15 °C. Најстудена клима има на југоисточниот дел на полуостровот.[11][12]

Количината на врнежи варира кај различни делови од полуостровот. Долж западниот брег, од крајната северна точка до 68-та паралела, годишните врнежи се движат од 350 до 500 mm. Прилично голем дел од овие врнежи паѓаат во форма на дожд во текот на летните месеци. На југот од западниот брег и на североисточниот брег, обично има врнежи помалку од 350 mm годишно. Во источниот дел на полуостровот, годишните врнежи се само 100–150 mm. За споредба, подантарктичките острови обично имаат годишни врнежи помеѓу 1000 и 2000 mm, а во внатрешноста на Антарктикот помалку од 100 mm [12]

Remove ads

Климатски промени

Поради глобалните климатски промени, Антарктичкиот Полуостров и соседните делови од Веделовото Море и неговиот континентален праг на Тихиот Океан се предмет на интензивни геолошки, палеонтолошки и палеоклиматски истражувања од страна на интердисциплинарни и мултинационални групи во последните неколку децении.[13]

Глобалното затоплување има забележлив ефект врз климата на полуостровот; само во втората половина на 20-тиот век , просечната годишна температура се зголемила за 2,5 °C. На плочата во близина на Антарктичкиот Полуостров се наоѓа ледникот Ларсен, чија големина драстично се намалила во последните години  .

Remove ads

Флора и фауна

Thumb
Антарктичката крзнена фока, која поради ловот била доведена до работ на истребување во Јужна Џорџија, се вратила во водите околу Антарктичкиот Полуостров.
Thumb
Адели пингвини, 2012 година

На бреговите на полуостровот има најблага клима на Антарктикот, а на карпите на кои нема снег во текот на летните месеци се покриени со мов и лишаи. Растителниот свет денес претежно се состои од мов, лишаи и алги прилагодени на оваа сурова средина, при што лишаите ги претпочитаат повлажните области од карпестите предели. Најчести лишаи се: Usnea и Bryoria. Двата цветни растителни видови на Антарктикот, антарктичката коса (Deschampsia antarctica) и антарктичкиот бисер (Colobanthus prettynsis) ги има на северните и западните делови на Антарктичкиот Полуостров.[11][12][14]

Како резултат на глобалното затоплување, на Антарктичкиот Полуостров почнало активно да се формира тундра. Според научниците, за 100 години може да се појават првите дрвја на Антарктикот.

Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads