Гнајс

From Wikipedia, the free encyclopedia

Гнајс
Remove ads

Гнајсот е метаморфна карпа составена од средни до поголеми, груби зрна. Има висок степен на метаморфизам. Гнајс (Gneiss) е стар германски збор првично употребуван од рударите во Саксонија. Потеклото на гнајсевите е различно. Со метаморфоза на гранитите настануваат ортогнајсевите, додека парагнајсевите настануваат со преобразба на песочниците и со момирокизација на шкрилците.

Thumb
Гнајс
Thumb
Окцест гнајс

Според својата структура, гнајсевите можат да бидат гранобластични, лепидобластични, порфиробластични, додека во зависност од својата текстура се делат на шкрилави, масивни, окцести, лентести и набрани. Гнајсевите се изградени од кварц, алкални момирок и лискуни како важни состојки. Кварцот е обилно застапен и се јавува во зрна со различна големина.

Во Македонија гнајсевите се доста застапени, почнувајќи од околината на Прилеп, па сѐ до Кајмакчалан.

Remove ads
Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads