Анхиз

From Wikipedia, the free encyclopedia

Анхиз
Remove ads

Анхиз (грчки: Ἀγχίσης = „кој живеел со божица“) — лик од старогрчката митологија, син на Капиј и Темида и татко на Енеја. Анхиз потекнувал од старо кралско семејство од Троја. Во младоста, додека ги пасел татковите стада на планината Ида во близината на Троја, му се прикажала божицата Афродита и тој се вљубил во неа. Таа му предвидела дека ќе добие син и му ја претскажала неговата судбина, но му забранила да не ја открива мајката на детето. Меѓутоа, во една прилика, пијаниот Анхиз ја открил тајната и поради тоа Зевс фрлил молња кон него. Сепак, во последен миг, Афродита малку ја променила насоката на молњата и така Анхиз не погинал, туку останал парализиран. По пропаста на Троја, неговито син Енеја го извлекол Анхиз надвор од уништениот град.[1]

Thumb
Венера и Анхиз, дело на Вилијам Блејк Ричмонд (1889 или 1890).
Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads