Апелерн
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Апелерн (германски: Apelern) — општина во округот Шаумбург, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.
Remove ads
Географија
Местоположба
Општината се наоѓа во долината Дајстер-Зинтел, западно од сојузниот автопат Б2 кај Лауенау и јужно од Роденберг. Низ местото поминува потокот Рисбах, кој се влева во Роденбергер Ауе.
Општински единици
Општината се состои од местата:
- Апелерн со станбените места Апелерн и Ризенмиле
- Грос Хегесдорф
- Клајнхегесдорф
- Лирен со Ребрухсмиле
- Рајнсдорф
- Золдорф
Соседни општини
Соседни општини се: Бекедорф, градот Роденберг, општините Лауенау, Поле и Ауетал, како и градот Штатхаген.
Remove ads
Историја
Постоењето на Апелерн е документирано во 1162 година, кога била подигната црквата. Името означува „на јаболкница“ и постојат јаболкници во паркот на дворецот Минхаузен и денес. Во саксонски времиња (околу VIII и IX век), Апелерн бил црковно и судско средиште. Кон крајот на XII век, црквата била главна црква на Букигау.
Како многу села во Германија, неговата историја е тесно поврзана со локалното благородништво. Последните 300 до 400 години, благородничките семејства Минхаузен и Хамерштајн оставиле трага на селото.
Remove ads
Знаменитости
Градби вредни за посета во селото се:
- Главната црква изградена околу 1162 година
- Замок Минхаузен (1561)
- Замок Хамерштајн (1590)
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads