Шаумбург
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Шаумбург (германски: Schaumburg) — округ (Landkreis) во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се граничи со (од север надесно) окрузите Нинбург, Хановер и Хамелн-Пирмонт и сојузната покраина Северна Рајна-Вестфалија (окрузите Липе и Минден-Либеке).
За други значења на поимот, погл. Шаумбург (појаснување).
Remove ads
Географија
Северната половина на округот Шаумбург се наоѓа во Северногерманската Низина, а јужната половина во Везерското Средногорје. ОВа се состои од ридски масиви, како што се Везер, Харл, Зинтел, Бикеберг и Дајстер. Шаумбуршката Шума е постојана низа на дрвја во насока на околу 60 степени долж северната граница на округот. Во близина на границата е езерото Штајнхудер Мер со површина од 29,1 км2, најголемо во Северна Германија. Реката Везер тече западно долж јужниот раб на ридскиот масив Виен. Пејзажот на запад е одреден од реката Везер, која е граница со соседниот округ Минден-Либеке. Понатаму тече низ Порта Вестфалика низ градот Бремен и се влева во Северното Море.
Remove ads
Историја

Округот Шаумбург бил создаден на 1 август 1977 година во рамки на окружната реформа на Долна Саксонија со спојување на поранешните окрузи Шаумбург-Липе и Грофовија Шаумбург. Градот Хесиш Олдендорф бил преместен во округот Хамелн-Пирмонт. Општините Гросенхајдорн, Идензермор-Нинграбен и Штајнхуде веќе биле преместени во општината Вунсдорф, со што станале дел од округот Хановер.
На крајот, округот Шаумбург ги пресликал границите на Грофовијата Шаумбург од средниот век. Шаумбург бил грофовија основано на почетокот на XII век. Кратко потоа, светиот римски цар ги назначил грофовите на Шаумбург како грофови на Холштајн.
Во текот на Триесетгодишната војна, Шаумбуршката династија немала машки наследник и грофовијата била поделена на Шаумбург (кој станал дел од Хесен-Касел) и Шаумбург-Липе (1640). Како член на Рајнскиот Сојуз, Шаумбург-Липе прераснал во кнежевство. Во 1815 година, Шаумбург-Липе станал дел од Германскиот Сојуз, а во 1871 година дел и од Германското Царство. Во 1918 година станало република. Малата Слободна Држава Шаумбург-Липе постоела до 1946 година кога станала административна област во рамките на Долна Саксонија. Шаумбург-Липе имала површина од 340 км2 и население од 51.000 жители (во 1934 г.).
Хесенскиот Шаумбург бил припоен од Прусија заедно со остатокот на Хесен-Касел во 1866 година. По Втората светска војна, Шаумбург и Шаумбург-Липе станале окрузи во рамките на покраината Долна Саксонија, додека не биле споени повторно во 1977 година.
Remove ads
Грб
Грбот е скоро идентичен до стариот грб на Шаумбург, кој се користел од XII век. Замокот Шаумбург, во средновековниот период бил седиште на грофовите на Шаумбург, е сместен на Неселберг („планина коприва“) во Шаумбург. Листот од коприва во средината на грбот станал хералдички симбол на Холштајн, со што се претставува историската поврзаност помеѓу Холштајн и Шаумбург.
Градови и општини

Remove ads
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads