Атирски астероиди

класа на астероиди From Wikipedia, the free encyclopedia

Атирски астероиди
Remove ads

Атирски астероиди или атири (наречени и апохелски астероиди и внатреземски тела) — астероиди чии орбити се целосно ограничени во рамките на Земјината орбита[1] т.е. нивната орбита има афел (најдалечната точка од Сонцето) помал од Земјиниот перихел (најблиската точка до Сонцето), кој изнесува 0,983 ае. Ова е најмалата група на близуземски тела — многу помала во споредба со атонските, аполонските и аморските астероиди.[2]

Thumb
Атирските астероиди споредени со орбитите на околните планети од Сончевиот Систем.
      Марс (Ма)
      Венера (В)
      Меркур (Ме)
      Сонце
      Атрски астероиди
      Земја (З)
Remove ads

Астероиди

Првиот претпоставен атирски астероид бил 1998 DK36, а првиот потврден е 163693 Атира, признаен за таков во 2003 г. Во август 2020 г. имало 23 познати атири (апохели),[2] од кои 18 имаат јасно утврдени орбити; од нив, шест се пресметани со доволна уточнетост за да добијат трајна бројна ознака (погл. Атирски астероиди § Белешки подолу).[3] Уште 92 тела (неприкажани) имаат афели помали од Земјиниот (Q = 1,017 ае).[4]

На 4 јануари 2020 г. уредот „Цвики“ во Паломарската опсерваторија го открил астероидот 2020 AV2, чие афелско растојание изнесува само 0,656 ае — целосно во орбитата на Венера, и никогаш не оди помалку од 0,718 ае од Сонцето.[5][6] Досега не се откриени астероиди во орбитата на Меркур (Q = 0,467 ае, на пр. вулканоиди). Во јануари 2020 г. астероидот со најмал познат афел бил 2020 AV2 (0,656 ае),[3][7] по кој следат 2019 AQ3 со Q = 0,774 ае и 2019 LF6 со Q = 0,794 ае.[8]

Атирите не ја пресекуваат Земјината орбита и не претставуваат непосредна опасност, но нивните орбити може да претрпат растројување нанадвор кога се доближуваат до Меркур или Венера, и со тоа во иднина да станат земјопресекувачки астероиди. Иако динамиката на многу од овие тела е слична на онаа предизвикана од Козај-Лидовиот механизам (сврзани осцилации во занесување и наклон), кој придонесува кон подобрување на долгорочната стабилност, нема либрација во вредноста на аргументот на перихелот.[7][9]

Ватирските астероиди се поткласа на атирските кои кружат исклучиво во орбитата на Венера. За нив се претпоставувало дека постојат барем од 2012 г.[10] На почетокот од 2020 г. е откриен првиот пример: 2020 AV2.[11][12][13]

Remove ads

Име

Класата нема стандардно име. Името „апохелски“ предложено од откривачите на 1998 DK36,[14] доаѓа од хавајскиот збор апохеле, што значи „орбита“ — од апо (круг) и хеле (оди).[15] Избрано е поради сличноста со англискиот збор aphelion (афел) и helios (сонце). Други го користат називот внатреземски тела.[16] Трети пак,[17][18] ги нарекуваат атирски астероиди по првиот пронајден член на групата.[1]

Список

Повеќе информации Ознака, Перихел (ае) ...
(A) Сите проценети пречници се засноваат на претпоставено албедо од 0,14 (освен 163693 Атира, чија големина е непосредно измерена)
(Б) двоен астероид
Remove ads

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads