Атирски астероиди
класа на астероиди From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Атирски астероиди или атири (наречени и апохелски астероиди и внатреземски тела) — астероиди чии орбити се целосно ограничени во рамките на Земјината орбита[1] т.е. нивната орбита има афел (најдалечната точка од Сонцето) помал од Земјиниот перихел (најблиската точка до Сонцето), кој изнесува 0,983 ае. Ова е најмалата група на близуземски тела — многу помала во споредба со атонските, аполонските и аморските астероиди.[2]
Remove ads
Астероиди
Првиот претпоставен атирски астероид бил 1998 DK36, а првиот потврден е 163693 Атира, признаен за таков во 2003 г. Во август 2020 г. имало 23 познати атири (апохели),[2] од кои 18 имаат јасно утврдени орбити; од нив, шест се пресметани со доволна уточнетост за да добијат трајна бројна ознака (погл. Атирски астероиди § Белешки подолу).[3] Уште 92 тела (неприкажани) имаат афели помали од Земјиниот (Q = 1,017 ае).[4]
На 4 јануари 2020 г. уредот „Цвики“ во Паломарската опсерваторија го открил астероидот 2020 AV2, чие афелско растојание изнесува само 0,656 ае — целосно во орбитата на Венера, и никогаш не оди помалку од 0,718 ае од Сонцето.[5][6] Досега не се откриени астероиди во орбитата на Меркур (Q = 0,467 ае, на пр. вулканоиди). Во јануари 2020 г. астероидот со најмал познат афел бил 2020 AV2 (0,656 ае),[3][7] по кој следат 2019 AQ3 со Q = 0,774 ае и 2019 LF6 со Q = 0,794 ае.[8]
Атирите не ја пресекуваат Земјината орбита и не претставуваат непосредна опасност, но нивните орбити може да претрпат растројување нанадвор кога се доближуваат до Меркур или Венера, и со тоа во иднина да станат земјопресекувачки астероиди. Иако динамиката на многу од овие тела е слична на онаа предизвикана од Козај-Лидовиот механизам (сврзани осцилации во занесување и наклон), кој придонесува кон подобрување на долгорочната стабилност, нема либрација во вредноста на аргументот на перихелот.[7][9]
Ватирските астероиди се поткласа на атирските кои кружат исклучиво во орбитата на Венера. За нив се претпоставувало дека постојат барем од 2012 г.[10] На почетокот од 2020 г. е откриен првиот пример: 2020 AV2.[11][12][13]
Remove ads
Име
Класата нема стандардно име. Името „апохелски“ предложено од откривачите на 1998 DK36,[14] доаѓа од хавајскиот збор апохеле, што значи „орбита“ — од апо (круг) и хеле (оди).[15] Избрано е поради сличноста со англискиот збор aphelion (афел) и helios (сонце). Други го користат називот внатреземски тела.[16] Трети пак,[17][18] ги нарекуваат атирски астероиди по првиот пронајден член на групата.[1]
Список
- (A) Сите проценети пречници се засноваат на претпоставено албедо од 0,14 (освен 163693 Атира, чија големина е непосредно измерена)
- (Б) двоен астероид
Remove ads
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads