Арголида
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Арголида или Арголис (грчки: Αργολίδα или Ἀργολίς) е еден од окрузите во Грција. Дел е од областа Пелопонез, и се наоѓа во источниот дел од полуостровот Пелопонез, како и дел од тромеѓето на Арголида, Аркадија и Коринтија. Голем дел од територијата на оваа област е сместен на полуостровот Арголида.
Remove ads
Географија
Почвата што е погодна за обработување се наоѓа во централниот дел на Арголида. Основни земјоделски култури кои се одгледуваат овде се портокалите и маслинките. Крајбрежјето на Арголида е на Заронски Залив на североисток и на Арголиски Залив на југ и југоисток. Од планининските венци, овде минуваат: Олигирт на северозапад, Лиркејо и Ктенија на запад, и Арахнајо и Дидимо на исток.
Арголида се граничи на копно со Аркадија на запад и југозапад, Коринтија на север, а на исток со округот Острови. Древна Арголида го вклучувала градот Трозен.
Remove ads
Историја

Дел од историјата на овој округ се спојуваа со онаа на Аргос, Микена, Епидаур, Нафплио, Трозен, Ермиони, Краниди, и Толо. Арголида се споменува во „каталогот на бродови“ од Илијадата, но без да се именува со овој назив, туку поголемите градови од овој округ се набројани заедно, кои ги предводел Диомед.[1]
Понова историја
Од 1833 до 1899 година, Арголида била дел од Арголидокоринтија, која ги вклучувала денешните Коринтија, Хидра, Спецес и Китира. Повторно во 1909 година, Арголида се приклучила кон Арголидокоринтија. Четириесет години подоцна, во 1949 година, Арголида конечно е одвоена од Коринтија.
Remove ads
Сообраќај
Автопатишта кои минуваат низ округот:
- Европски пат Е65 (северозапад)
- ЕО7 (Грција)
- ЕО70 (Грција) (исток)
Галерија
- Арголидски Залив
- Ермиони
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads