Нафплио

град на Пелопонез, Грција From Wikipedia, the free encyclopedia

Нафплио
Remove ads

Нафплио (грчки: Ναύπλιο) е крајбрежен град сместен на Пелопонез во Грција, седиште на округот Арголида и важна туристичка дестинација. Основан во антиката, градот станал важно пристаниште во Средниот век за време на Франкократијата, управуван од фамилијата де ла Рош после Четвртиот крстоносен поход, по што потпаднал под власта на Венецијанската Република и на крај под Османлиската империја. Градот бил главен град на Првата Хеленска република и Кралството Грција, од 1827 до 1834.

Кратки факти Нафплио Ναύπλιο, Земја ...
Remove ads

Историја

Thumb
Влегувањето на крал Отон во Нафплио од Петар фон Хес

За време на Грчката војна за независност, Нафплио бил големо османлиско упориште и бил под опсада повеќе од една година. Градот конечно се предал поради глад. По заземањето, поради неговото силно утврдување, станал седиште на привремената грчка влада.

Грофот Јоанис Каподистријас, кој бил првиот гувернер на државата, прв пат стапнал на грчкото копно во Нафплио на 7 јануари 1828 и го прогласил за седиште на државата во 1829. Тој бил убиен на 9 октомври 1831 од членови на фамилијата Мавромихалис, на пат кон црквата Свети Спиридон во Нафплио. По неговото убиство, следел период на анархија, сѐ до доаѓањето на крал Ото и воспоставување на Кралство Грција. Нафплио останал негова престолнина до 1834, кога крал Ото је преместил во Атина.

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads