Арорае
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Арорае (гилбертански: Arorae), претходно познат како Арорај, Арурај, Хрд или Хоуп Ајланд, е атол во Кирибати. Атолот е дел од островската група Гилбертови Острови.

Географија
Вкупната површина на атолот е 9,5 км2 и има население од 1,225 жители според податоците од 2000 година. Поголем број од населението се Протестанти. Атолот е долг 9 километри и широк 18 километри. Атолот нема лагуна бидејќи е мал.
Населени места
На атолот се наоѓаат следните населени места:
- Батитотај
- Рорети
- Тамароа
- Бабарароа
- Тарибо
Сообраќај
Атолот со останатите атоли е поврзан по морски пат. Покрај тоа, на островот се наоѓа Аеродромот Арорае и се наоѓа во близина на селото Тамароа. Air Kiribati оперира со летовите.
Поврзано
Надворешни врски
- Exhibit: The Alfred Agate Collection: The United States Exploring Expedition, 1838-1842 Архивирано на 14 јануари 2012 г.
Remove ads
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads