Кирибати

From Wikipedia, the free encyclopedia

Кирибати
Remove ads

Кирибати (гилбертански: Kiribati или Tungaru) е островска држава која се наоѓа во средишниот дел од Тихиот Океан. Се состои од 33 атоли што се наоѓаат на површина од 3,500,000 км2. Името Кирибати е локална изменета верзија на клонијалното име - Гилбертови Острови, а додека на кирибатски државата се вика „Тунгару“. Островите и официјално се нарекувале Гилбертови Острови до независноста на државата.

Кратки факти Република Кирибати Kiribati / Tungaru (кирибатски), Службен јазик ...
Remove ads

Потекло на поимот

Името на Кирибати доаѓа од името на Гилбертови Острови, додека пак овие се именувани според британскиот капетан Томас Гилберт кој стигнал на островите во 1788. Моменталното име Кирибати е како прифатлива верзија на името Gilberts (Гилбертови). Населението во Кирибати на гилбертски јазик ја нарекува државата Тунгару, но сепак државата се одлучила за широко познатото име, Гилбертови Острови, односно Кирибати.

Remove ads

Историја

Рана историја

Територијата денес позната како Кирибати била населена од микронезиско население од пред 3000 години. Територијата не била изолирана, туку имало доселување на население од Тонга, Самоа и Фиџи кои ги вовеле меланезиската и полинезиската култура во оваа микронезиска држава.

Колонијален период

Thumb
Американски трупи на Кирибати за време на војната.

Островите биле прво забележани од британските и американските бродови во XVIII век и XIX век. Главниот островски синџир бил наречен Гилбертови Острови во 1820 година од страна на рускиот адмирал Адам фон Крузенштерн и францускиот капетан Луи Пипереј според името на британскиот капетан Томас Гилберт кој го поминал архипелагот во 1788 кога пловел кон Австралија од Кина.

Од раниот XIX век, западните морепловци доаѓале на овие острови и ширеле разни болести. Британските морепловци стигнале во 1837 година. Во 1892 година станале британски протекторат. Седиште на тој протекторат бил Фиџи.

Атолот Тарава и останатите острови од групата на Гилбертови острови биле окупирани од Јапонија. На Тарава се случила една од најкрвавите битки на армијата на САД.

Независност

Гилбертовите и Елис островите се здобиле со самоуправување во 1971 година. Во 1978 година Елис Островите станале независната држава Тувалу. Гилбертовите Острови станале независна држава Кирибати на 12 јули 1979 година.

Во 2008 година Кирибати побара од Австралија да го прими населението како постојани бегалци бидејќи се очекува Кирибати да е првата земја потполно избришана од географската карта поради зголемување на морето, следна таква држава е Тувалу.

Remove ads

Географија и клима

Thumb
Канал помеѓу Лонг Остров и Наке Остров.

Кирибати се состои од околу 32 атоли и еден остров. Островските групи на Кирибати се:

Островот Банаба е коралски остров кој бил богат со фосфат но минералот бил целосно испрпен од колонизаторите уште пред Кирибати да се стекне со независноста. Земјиштето на Кирибати е песокливо и карпесто и не е погодно за земјоделство. Надморската височина на Кирибати е 6.5 метри.

Два мали кирибатски острови, Тебуа Тарава и Абануеба во 1999 година потонале во морето поради покачување на морското ниво.

Политички систем

Thumb
Зградата на парламентот на Кирибати.

Уставот на Кирибати овозможува слободни избори во државата. Извршната власт е составена од претседателот, заменик претседателот и кабинетот на министри. Мандатот на претседателот е со четири години. Кабинетот е составен од претседателот, заменик претседателот и десет министри кои се членови на парламентот на Кирибати.

Законодавната власт во Кирибати е во рацете на парламентот или Maneaba Ni Maungatabu . Тој е составен од избрани членови со мандат од четири години.

Формално гледано, Кирибати има политички партии но тие не се организирани според стандардните правила. Се собираат само при потреба. Моментално во Кирибати работаат следните партии: Партија Boutokaan te Koaua, Партија Maneaban te Mauri , Партија Maurin Kiribati и Партија Tabomoa.

Remove ads

Административна поделба

Thumb
Карта на Кирибати.

Сè до независноста, Кирибати бил поделен на области, но со стекнувањето на независноста територијалната административна поделба се променила. Денес, Кирибати е поделен на три островски групи кои немаат административна функција. Секоја група има свој совет.

Поранешните области на Кирибати биле:

Денешните островски групи се:

Remove ads

Стопанство

Кирибати има мали залихи на природни ресурси. Фосфатот бил исцрпет уште пред Кирибати да стане независна држава. Денес главни производи на Кирибати се копрата и рибата. Туризмот претставува еден процент од БНП на Кирибати.

Во 1956 година Кирибати основале фонд во кој ќе се заштедувале пари од трговијата со фосфат, па така државата во 2008 година имала 400 милиони долари.

Remove ads

Демографија

Најголемата етничка група на Кирибати се кирибаќаните. Тие се микронезиски народ. Околу 14 век, Фиџици и Тонганци се населиле на Кирибати и со тоа се измешала етничката структура на населението.

Народот во Кирибати зборува на кирибатски јазик. Иако англискиот е службен јазик на Кирибати, тој не се користи многу.

Thumb
Христијанска црква во Кирибати

Христијанството е најголема религија на Кирибати кое започнало да се шири во XIX век. Повеќето се католици.

Повеќе информации Верници во Кирибати ...
Remove ads

Култура во Кирибати

Музика

Фокл музиката на Кирибати е генерално заснована на пеење или други форми на вокализација придружени со танц. Јавните изведби во Кирибати се претежно изведувани од хор придружен со гитара. За време на изведбата на танците како (Te Kaimatoa) или (Te Buki) како инструмент се користи и дрвена кутија која е конструирана со цел да дава специфичен звук кога се удира симултано од група мажи кои седат околу неа. Традиционалните песни се најчесто со љубовни мотиви, но исто така застапени се и религиозни, детски, свадбени, патриотски, воени како и оние со натпреварувачки дух.

Танц

Единственоста на танцот на Кирибати споредена со другите танци на островите во Тихиот Океан е исправеноста на рацете на играчите и ненадејните движења на главата слични со движењето на птиците (Fregata minor) кои ги има и на знамето на Кирибати. Повеќето танци се во стоечка или седечка позиција со ограничени движења, а смеењето за време на танцување генерално се смета за вулгарност во контекстот на танцот. Ова е како резултат на потеклото на танцот според кое таанцот не е само форма на забава туку и раскажување на приказна и прикажување на вештина, убавина и издржливост на изведувачот.[4]

Образование

Основното образование во Кирибати е бесплатно за девет години. Високото образование е во развој, но има понуда на технички факултети, педагошки и филолошки факултети или понуда за студирање во странство.

Remove ads

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads