Арсениј III Црноевиќ
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Арсениј III Црноевиќ бил архиепископ пеќски и патријарх српски.
Remove ads
Ран живот
Арсениј, со презиме Црноевиќ (Црнојевић) или Чрноевиќ (Чрнојевић), на црковнословенски "Арсенїй Чарноевичь" (sr. Чарнојевић/Čarnojević), е роден во Бајице, во близина на Цетиње во Стара Црна Гора, планински регион кој никогаш не бил под целосна контрола на Османлиите.[1]
Како млад пристигнал во Пеќскиот патријаршиски манастир, за време на патријархот Максим I Скопјанец. Во 1665 станал архимандрит на манастирот. Во 1674, кога патријархот Максим се разболел, Арсениј бил избран за патријарх, најверојатно помеѓу Велигден и Вознесение.[1]
Remove ads
Големата турска војна

Кога војната помеѓу султанот Мехмед IV и царот Леополд I веќе била на повидок, патријархот Арсениј тргнал на поклонение на Христовиот гроб. На патот за Ерусалим срдечно го прекала неговата паства и митрополитот скопски Теофан, и епископот кратовски и штипски Ананиј. Во Ерусалим патријархот Арсениј бил гостин на ерусалимскиот патријарх Доситеј Нотар.
Кога царот Леополд во 1687 се обратил за помош на цариградскиот патријарх Калиник, патријархот Арсениј III се нашол во тешка ситуација. Требало да застане на страната на Австрија и Венецијанците, а од друга страна се заканувала опасност на православието. Патријархот Арсениј бил принуден да пребегне од Пеќ во Никшиќ во ноември 1689 година. Во тоа време генералот Силвио Пиколомини стигнал со царската војска до Приштина и го повикал населението да му се придружи. Патријархот добил порака од монашкото братство од Пеќ да се врати назад, затоа што во спротивно царот ќе пристапи кон избор на друг патријарх, за да го задоволи народот кој ја примил неговата заштита. Враќајќи се назад, Арсениј се сретнал со Пиколомини во Призрен, каде што постигнале договор за помошта. Меѓутоа со смртта на генералот Пиколомини, состојбата се сменила во полза на Османлиите. Кога патријархот Арсениј видел дека царската војска се повлекува, во јануари 1690 со голем број на луѓе тргнал кон Белград, каде што пристигнал во пролетта.
Бидејќи, турската војска напредувала кон Белград, помеѓу народот завладеала општа паника. Патријархот во Белград свикал црковно-народен собор во кој учество зеле епископи, свештеници, свештеномонаси и народни главари. Соборот го упатил во Виена епископот енополски Исаија да утврди под кои услови ќе живеат православните во Австрија. Се барало признавање на црковната автономија и патријаршиска јурисдикција во ист обем како под Турско. Одговор на овие барања е повелбата на царот Леополд од 21 август 1690.
После добивањето на привилегии, Србите во големи групи започнале да преминуваат преку Сава и Дунав. Последната група преминала со бродови од Белград за Сланкамен и Петроварадин, два дена пред Турците повторно да го заземат Белград на 8 октомври 1690.
Remove ads
Наводи
Извори
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads