Археозоологија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Археозоологија — научна дисциплина која ги проучува остатоците од животни на археолошките наоѓалишта.
Оваа статија не наведува никакви извори. (август 2010) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |

Археозоологијата или зооархеологија е студија на остатоци од животни од наоѓалишта — коска, заби, рогови, слонова коска, влакна, лушпи, и школки. Археозоолозите се интересираат за односите меѓу луѓето и животните во минатото, проучувајќи разни видови на животни кои ги вклучуваат цицачите, птиците, рибите, рептилите и влекачите, како и школки и други без‘рбетници.
Ова поле, управувано од специјалисти познати како зооархеолози или аналитичари на фауна, ги испитува остатоците како што се коските, школките, влакната, хитинот, лушпите, кожите и протеините, како што е ДНК, за да извлече увид во историските интеракции меѓу луѓето и животните[1] и условите на животната средина[2].
Коските не се секогаш присутни на археолошките наоѓалишта, што зависи од условите како се зачувувале, и најчесто само по некоја коска или делови од коски можат доволно добро да бидат зачувани за археозоологот да може да ги проучува.
Додека коските и школките имаат тенденција да бидат релативно позачувани во археолошки контекст, опстанокот на остатоците од фауната е генерално ретко.[3] Деградацијата или фрагментацијата на остатоците од фауната претставува предизвици во точната анализа и интерпретација на податоците[3].
Овој тип на анализа овозможува од една страна да го увидиме меѓусебниот односот на човекот и животните, а од друга страна да се запознаеме со економиите на древните заедници. Преку добиените податоци може да се утврди составот и видовите на животни кои ги ловел човекот, почетокот на припитомувањето, начинот на експлоатација на животните врз основа на остатоците од нивните скелети пронајдени во наоѓалиштето и др.
Археозоолозите одговараат на прашања за тоа дали животните биле истерани, ловени или одгледувани, за тоа како биле колени, колку месото придонело за исхраната, кога животните умирале, и секакопроцесот на нивното припитомување. Студиите за фауна во наоѓалиштата конкретно, можат да покажат за тоа кои животни биле ловени и јадени и во колкав однос. Тоа дава даваат информација за сезоната на користење на наоѓалиштето или за времето на ловење на животните.
Remove ads
Археозоологија и сродни науки
Како што покажува самото име на оваа наука, археозоологија во своите проучувања се поклопува со други области и науки. Тие вклучуваат:
- Антропологија
- Археологија
- Биологија
- Екологија
- Етнографија
- Палеопатологија
- Палеонтологија
- Зоологија
Поврзано
Надворешни врски
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads
