Рог
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Рог — постојан зашилен израсток на главата на различни животни што се состои од покривка од кератин и други белковини што го опкружуваат јадрото на живата коска. Кај цицачите, вистинските рогови главно ги имаат парнокопитните преживари, во семејствата Antilocapridae и Bovidae (говеда, кози, антилопи итн.). Роговите на говедата произлегуваат од поткожното сврзно ткиво (под скалпот) и подоцна се спојуваат со основната челна коска.[1]


Вообичаено животните имаат еден пар рогови, мо можат да се појават два или повеќе пара кај неколку диви видови и кај некои припитомени раси овци. Овците со повеќе рогови ги вклучуваат следните раси: хебридска, исландска, и други.
Роговите обично имаат заоблен или спирален облик. Кај многу видови, само мажјаците имаат рогови. Роговите почнуваат да растат веднаш по раѓањето и продолжуваат да растат во текот на животот на животното (освен кај роговите, кои го отфрлаат надворешниот слој годишно, но го задржуваат коскеното јадро). Слични израстоци на другите делови од телото обично не се нарекуваат рогови, туку тоа се канџи, копита, во зависност од делот од телото на кој се појавуваат.
Remove ads
Други израстоци слични на рогови
Терминот „рог“ популарно се применува и на други тврди и зашилени карактеристики израснати на главата на животните во разни други семејства:
- Жирафи: Тие имаат еден или повеќе пара коскени испакнатини на главите, кои се покриени со крзнена кожа.
- Елени: Повеќето елени имаат рогови, кои не се вистински рогови и се создадени од коска. Кога се целосно развиени, роговите се мртва коска без покривка од кожа, и ги имаат само возрасните (обично мажјаци), освен кај ирвасите.
- Носорог: „Роговите“ на носорозите се направени од кератин, иста супстанца како и ноктите на прстите, и растат постојано, но немаат коскено јадро.
- Камелеон : Многу камелеони имаат рогови на черепот и имаат кератинска обвивка.
- Цератопсиди: Нивните „рогови“ биле продолжетоци на коските на черепот, иако постои дебата околу тоа дали тие имале кератинска обвивка.
- Abelisauridae: Различни единки од овој вид поседувале продолжетоци на челната коска кои најверојатно биле покриени со некоја форма на кератинозна обвивка.
- Рогати гуштери: Овие гуштери имаат рогови на главата кои имаат тврда кератинска покривка над коскеното јадро, како рогови на цицачи.
- Инсекти: Некои инсекти (како што се еленчињата) имаат структури слични на рогови на главата или градниот кош (или и двете). Ова се зашилени израстоци на тврдиот егзоскелет. Еленчињата имаат значително зголемени вилици, исто така направени од хитин.
- Кучиња: Некогаш се мислеше дека обичниот чакал повремено развива роговиден израсток на черепот.[2] Иако не е пронајден доказ за неговото постоење, тоа останува вообичаено верување во Јужна Азија.[3][4][5]
Многу видови цицачи во различни семејства имаат бивни, кои често ги имаат истите функции како роговите, но всушност се преголеми заби. Такви се: мошус елен, диви свињи, слонови, нарвал и морж. На некои припитомени видови се отстрануваат роговите, или доколку не пораснале се нарекуваат шути.
На луѓето
Кожните рогови се единствените примери на рогови кои растат кај луѓето.[6]
Низ историјата, на луѓето со рогови им бил припишуван митски статус, и најчесто ги имало во земји каде што нема напредна медицина. Меѓу живите луѓе, опишани се неколку случаи на луѓе со рогови во Кина, кои се главно стари луѓе.
Некои пак, изведувачи и шоумени, имаат импланти на рог, а тоа е вграден силикон под кожата при модификација на телото.[7]
Remove ads
Животинска употреба на роговите

Животните ги користат роговите на различни начини, вклучително и за одбрана од предатори и во борба против членовите на нивниот вид (борби со рогови) за територија, доминација или приоритет за парење.[8][9] Роговите обично ги имаат само мажјаците, но кај некои видови, и женките може да имаат рогови.
Покрај тоа, роговите може да се користат за копање во почвата или за отстранување на кората од дрвјата. На пример, при додворувањето машкото гну ги отсекува кората и гранките на дрвјата за да ја импресионира женката и да ја намами на неговата територија. Некои животни како козите, ги користат роговите за ладење.[10]
Remove ads
Човечка употреба на роговите
- Роговите на некои животни се чуваат како ловечки трофеи закачени на ѕид.
- Некои рогови служат како музички инструмент.
- Рогот може да биде исчистен во внатрешноста, исмазнет за да служи како сад за пиење, или како сад во кој се носи барут.[11]
- Роговите на антилопата традиционално се користат во кинеската медицина.
- Од кератинските рогови се прават чешли, петлици, украсни предмети, лак за стрелање, ножеви и друго.
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads