Астеропа
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Астеропа (нејзиното име на старогрчки значи: „Сончев лик“) во старогрчката митологија била нимфа, позната уште како Хесперија.[1]

Митологија

Астеропа била нимфа, една од Најадите, а според Аполодор и Овидиевите „Метаморфози“, таа била ќерка на речниот бог Кебрен и потекнувала од неговата река во Троада. Според една верзија, таа била сопруга на тројанскиот принц Есак и сестра на Енона, сопругата на Парис.[2] Според друго предание, таа умрела така што стапнала на змија која ја каснала. Нејзиното име повеќе би одговарало на ѕвездена нимфа отколку на Најада, така што можеби симболизирала ѕвезда која паѓа и „умира“ при падот на Земјата.[3]

Remove ads
Други личности
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads