Нимфа
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Нимфа, во старогрчката и во римската митологија — млади и убави божици од понизок ред,[1] најчесто претставени како женски ентитети на природата, врзани за одредена локација или во служба на некој бог или божица. Нимфите биле честа мета на завидливите сатири.
![]() | Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |

Според Валтер Буркет, „Идејата дека реките се богови и изворите божествени нимфи има длабоки корени не само во поезијата, туку и во вербата и ритуалите; обожувањето на овие божества е ограничено само од фактот дека неразделно се идентификуваат со одредена локација.“ Нимфите се персонификации на кретивните и потхранувачки активности на природата, многу често идентификувани со моќта за дарување на живот на изворите. Во грчкиот јазик, зборот „νύμφη“ меѓу другото, значи „невеста“ или „покриена со вел“, односно млада жена за мажење. Домот на нимфите е на планините и низините, покрај извори и реки, во долини и студени пештери. Тие често се поврзуваат со супериорни божества: ловџиката Артемида; пророкот Аполон; богот на виното Дионис. Симболичниот брак на нимфата со патријархален водач, често епоним за луѓе, бескрајно се повторува во грчките митови.
Remove ads
Класификација на нимфите
Различните видови на нимфи понекогаш се разликуваат според различните сфери на природата со кои тие се поврзуваат. Притоа, тие ја оживувале природата: шумите, реките, изворите, полињата, ливадите итн.[2] Сепак, многу од овие разлики можеби биле измислени подоцна. Така, следнава не е грчка класификација, туку едноставен модерен водич:
- Земјени нимфи
- Алсеиди (Alseids) (низини, долини)
- Напеи (Napaeae) (планински долини, долини)
- Авлонијади (Auloniads) (пасишта)
- Леимакиди (Leimakids) (ливади)
- Ореади (Oreads) (планини, пештери)
- Минти (Minthe) (нане)
- Хеспериди (Hesperides) (градини)
- Аегла (Aegle) ("заслепувачка светлина")
- Аретуза (Arethusa)
- Еритеја :или Еритеис: (Erytheia или Erytheis)
- Хеспереја :или Хесперија: (Hesperia или Hespereia)
- Хеспера :или Хеспира: (Hespera or Hespere)
- Хамадријади (Hamadryads) (дрвја)
- Водни нимфи
- Хелеади (Helead) (бара)
- Океаниди (Oceanids) (каква било вода, обично солена)
- Нереиди (Nereids) (Средоземно Море)
- Најади или Наиди (Naiads) (обично слатка вода)[1]
- Дрвјени нимфи
- "Коријтски Нимфи" (Corycian Nymphs) (Класични Музи)
- Лампади (Lampades) (подземје)
Remove ads
Нимфите како тема во уметноста и во популарната култура
Нимфите се јавуваат како тема во уметноста и во популарната култура. Во визуелните уметности, најчесто, тие се претставени како голи или полуголи девојки, кои умираат заедно со некој извор или некое дрво.[2] Во тој поглед можат да се наведат бројни примери на книжевни и музички дела посветени на нимфите, како:
- „Песната на Океанидите“ - песна на германскиот поет Хајнрих Хајне.[3]
- „Нума и нимфата“ - расказ од истоимената збирка на бразилскиот писател Лима Барето од 1915 година.[4][5]
- „Нимфите и овчарите од Енарес“ – роман на Бернардо Гонсалес де Бобадилја од 1587 година.[6]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads