Астролаб

From Wikipedia, the free encyclopedia

Астролаб
Remove ads

Астролаб (старогрчки: ἀστρολάβος astrolabos; арап. ٱلأَسْطُرلاب al-Asturlāb; персиски: ستاره‌یاب Setāreyāb) ― стар астрономски инструмент кој претставува рачен модел на универзумот. Неговите различни функции овозможуваат да се смета за клинометар кој има подетална структура и уред за аналогни пресметки, кој е способен да решава неколку вида астрономски проблеми. Неговиот наједноставен облик се состои од метален диск со подредени жици, исечоци и перфорации кои му овозможуваат на корисникот прецизно да пресметува астрономски положби. Во историјата го користеле астрономите, бидејќи може да ја измери височината над хоризонтот на некое небесно тело дење и ноќе, може да се користи за да се идентификуваат ѕвезди или планети, да се одреди месната географска широчина според месното време (како и да се определи времето познавајќи ја географската широчина), за набљудувања или триагулација. Бил користен во антиката, исламското златно доба, европскиот среден век и времето на големите географски откритија за горенаведените намени.

Thumb
Современ астролаб направен во Тебриз, Иран во 2013 година.

Важноста на астролабот не потекнува само од раните астрономски научни откритија,[1] туку е корисен и за одредување на географската ширина на копно или мирни мориња. Иако е помалку доверлив на палубата на брод во разбранувано море, морнарскиот астролаб е развиен со таа намена.

Remove ads

Примена

Thumb
Дрворез од 16 век на кој е прикажано мерење на висината на градба со помош на астролаб.

Непознат астроном кој живеел во 10 век заклучил дека постојат околу 1000 различни примени на функциите на астролабите,[3] почнувајќи од астролошки, астрономски и религиозни примени, до сезонски и дневни мерења на времето и плимата. Во времето на нивната употреба, астрологијата била исто толку сериозна наука како и астрономијата, а проучувањето на двете се одвивало паралелно. Интересот во астрономијата варирал помеѓу народната астрономија (од предисламската традиција во Арабија) посветена на небесните и сезонските набљудувања, и математичката астрономија, која ги надополнувала интелектуалните практики и прецизните пресметки врз основа на астрономските набљудувања. Во однос на религиозната примена на астролабот, определувањето на исламските времиња на молитва требало да се определат на астрономски начин за да биде прецизно определено дневно време. Исто така со овој уред може да се одреди киблата, насоката на Мека кон која муслиманите мора да се молат. Дополнително на ова, месечевиот календар бил заснован не пресметките од астролабот и бил од големо значење за исламот, со оглед на тоа што ги одредува датумите на главните верски празници како што е Рамазан.

Remove ads

Етимологија

Оксфордскиот англиски речник го преведува англискиот збор астролаб како „star-taker“ и го следи потеклото на зборот преку средновековниот латински до грчкиот збор astrolabos,[4][5] од astron „ѕвезда“ и lambanein „да земе“.[6] Во средновековниот исламски свет, на арапскиот збор al-Asturlāb (т.е. астролаб) му се припишани различни етимологии. Арапските текстови, го преведуваат зборот како ākhidhu al-Nujūm (арап. آخِذُ ٱلنُّجُومْ, што во буквален превод значи „земач на ѕвезди“), директено преведено од грчкиот збор.[7]

Ал-Бируни го цитира и критикува средновековниот научник Хамза ал-Исфахани кој изјавил:[7] „астурлаб е арабизација на оваа персиска фраза“ (sitara yab, што се преведува како „земач на ѕвездите“).[7] Во средновековните исламски текстови постои и народна етимологија на зборот, која го преведува зборот како „линиите на лаб“, каде што „лаб“ се однесува на еден од синовите на Идриз (Енох). Оваа етимологија е спомната од научник од 10 век по име Ал-Кумми, но подоцна била отфрлена од Ел-Хорезми.[7]

Remove ads

Историја

Антика

Астролабот бил измислен во хеленистичката цивилизација од Аполониј од Перга помеѓу 220 и 150 г. п.н.е., често му се припишува на Хипарх. Астролабот бил создаден како уред кој ги обединува функциите на планисферата и диоптрата, а практично бил користен како аналоген пресметувач за решавање на неколку различни видови проблеми во астрономијата. Теон Александриски (ок.335ок.405) има напишано детален трактат за астролабот, а Луис [8] тврди дека Птоломеј користел астролаб за да ги направи астрономските набљудувања запишани во Тетрабиблос. Плочестиот астролаб понекогаш погрешно се припишува како пронајдок на ќерката на Теон, Хипатија (ок.350–370; починала во 415 н.е.),[9][10][11][12] но познато е дека веќе бил употребуван најмалку 500 години пред нејзиното раѓање.[10][11][12] Ова погрешно припишување доаѓа од неправилното толкување на изјава од писмо напишано од ученикот на Хипатија, Синесиј (ок.373ок.414),[10][11][12] кој споменува дека Хипатија го научила како да конструира плочест астролаб, но не укажува на тоа дека таа самата го измислила.[10][11][12]

Астролабите продолжиле да бидат користени во гркогласниот свет во текот на средновековното време на Римската Империја. Околу 550 г. н.е., христијанскиот филозоф Јован Филопон напишал трактат во кој го дискутирал астролабот на грчки јазик, кој воедно претставува најраниот преживеан текст за овој инструмент.[б 1] Подоцна, месопотамискиот епископ Север Себокт исто така напишал трактат за астролабот на сириски јазик во средината на VII век.[б 2] Себокт во воведот на неговиот трактат укажува дека астролабот се изработувал од месинг, што укажува дека металните астролаби биле познати на христијанскиот исток долго пред да бидат развиени во исламскиот свет или на латинскиот запад.[13]

Првите ренесансни научни трактати се засноваат на претходни класични дела и често се занимавале со птоломејски доктрини. Меѓу нив, највлијателен текст бил астрономското поглавје напишано од Алманациумот на Региомонтан во 1472 година и објавено во Венеција во 1506 година.

Среден век

Астролабите биле доразвиени во средновековниот исламски свет, каде што муслиманските астрономи вовеле ознаки за аголите во дизајнот,[14] додавајќи кругови што укажуваат на азимути на хоризонтот.[15] Тој значително бил користен низ муслиманскиот свет, најчесто како помош за навигација и како начин за наоѓање на киблата, насоката кон Мека. Математичарот од осмиот век, Мухамед ел-Фезари е првиот човек на кој му се припишува изградбата на астролабот во исламскиот свет.[16]

Математичката позадина ја утврдил муслиманскиот астроном Албатениј во неговиот трактат Китаб аз-Зиј (околу 920 н.е.), кој Платон Тибуртин го превел на латински (De Motu Stellarum). Во исламскиот свет, астролабите биле користени за да се определи времето на изгрејсонце и изгревот на некои ѕвезди, со цел да се определи точното време за утринските молитви (намаз). Во 10 в. н.е., Ал Суфи за првпат опишал над 1.000 различни примени на астролабот, во разни области, имено астрономијата, астрологија, навигација, геодетство, определување на времето, молитва, намаз, кибла, итн.[17][18]

Сферичниот астролаб е варијација и на астролабот и на обрачната сфера, измислен во средниот век од астрономи и пронаоѓачи од исламскиот свет.[б 3] Најраниот опис на сферичниот астролаб датира од времето на Ал-Најризи (периодот на 892–902 година). Во 12 век, Шараф ал-Дин ал-Туси го пронашол линеарниот астролаб, понекогаш наречен „стап на ал-Туси“, кој бил „едноставна дрвена прачка со градуирани ознаки, но без нишани. Бил опремен со висок и двоен кабел за правење аголни мерења и имал перфориран покажувач“.[19] Прилагодениот механички астролаб е измислен од Аби Бакр од Исфахан во 1235 година.[20]

Remove ads

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads