Сириски јазик

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Сириски јазик (ܠܫܢܐ ܣܘܪܝܝܐ Leššānā Suryāyā), или познат како сириско-арамејски или класичен сириски,[4][5] — стандардизиран дијалект на средноарамејскиот јазик. Јазикот се појавил/ развил во раните почетоци на 1 век во Едеса, Месопотамија,[6] и класичниот сириски јазик станал главен книжевен јазик во Блискиот Исток од 4 до 8 век,[7] така што денес има богат книжевен сириски фонд. Всушност, сириската литература е околу 90% од арамејската книжевност.[8] Сирискиот бил некогаш зборуван во голем дел од Блискиот Исток, како и во Анадолија и Источна Арабија.[1][2][9]

Кратки факти Сириски јазик, Изговор ...

Староарамејскиот бил присвоен од Новоасирската Империја (911-605 г. п.н.е.) кога Асирците ги освоиле различните Сириско-хетски држави на запад. Ахеменидското Царство (546-332 п.н.е.), која се воздигнала по падот на Асирската Империја, исто така го задржала староарамејскиот како службен јазик. Така, староарамејскиот останал „лингва франка“ во регионот. За време на 3 и 4 век, жителите на тој регион почнале да го примаат Христијанството.

Следствено по примањето на христијанството, и поради богатата историја на арамејскиот јазик, сирискиот станал еден од трите најважни христијански јазици, заедно со латинскиот и старогрчкиот.[10] Од 1 век, сирискиот станал движечка сила на Сириското Христијанство и култура, а воедно се воспоставил како богослужбен јазик на Сириската Православна Црква, а воедно и на Асирската Црква на Истокот и нејзините Калдејска Католичка црква, Древна Црква на Истокот, Индиска Православна Црква,[11] и Асирска Пентекостална Црква.

Сириското Христијанство и сирискиот јазик се проширил нив Азија, најдалеку до Малабарскиот Брег[11] и источните делови на Кина.[12] Јазикот бил средство за комуникација и културна дисеминација за подоцнежните Арапи, а во помал дел и на Партската и Сасанидското Царство. Иако со текот на времето станал христијански медиум за изразување, сирискиот имал фундаментало културно и книжевно влијание врз развојот на арапскиот,[13] кој пак во најголем дел го заменил сирискиот како секојдневен јазик кон 14 век.[3] Денес, сирискиот останал свет јазик за Сириското Христијанство и важен симбол за христијанскиот идентитет на Асирците.

Remove ads

Историја

Историјата на сирискиот јазик може да се подели на три периоди:

  • староарамејски јазик, јазикот на Сиро-хетските држави, станал службен јазик и лингва франка во Новоасирското царство заедно со акадскиот јазик.
  • средносириски арамејски (ܟܬܒܢܝܐ Kṯāḇānāyā, "книжевен сириски"), може да се подели на:
    • источен средносириски арамејски - книжевен и богослужбен јазик на Сириските Христијани на Асирската Црква од Истокот, Калдејската Католичка црква, Древната Црква од Истокот и Асирската Пентекостална Црква
    • западен средносириски арамејски - книжевен и богослужен јазик на Сириските Христијани на Сириската Православна Црква, Сириската Католичка црква и Маронитската Црква
  • „современ сириско-арамејски“ - поим кој често се користи за да се именуваат новоарамејските јазици.[14] Иако не може со сигурност да се потврди дека потекнуваат од средносирискиот, тие сигурно се развиле од дијалекти сродни на средносирискиот и дијалекти кои ги зборувале Сириските Христијани

Сепак, важно е да се напомене дека, кога се користи поимот „сириски јазик“ се мисли на тој дијалект на средноарамејскиот кој се развил во книжевна форма, и поимот не се однесува за староарамејскиот ниту пак за современите арамејски јазици.

Remove ads

Распространетост

Сирискиот јазик, поточно дијалект, бил всушност локален арамејски дијалект од Едеса. Јазикот се развил во својата најдобра форма под влијание на Црквата од Истокот и Сириската Православна Црква. Пред да стане арапскиот доминантен јазик во регионот, сирискиот бил главен јазик меѓу христијанските заедници во Блискиот Исток, Средна Азија и Керала,[11] и така останал меѓу денешните сириски Христијани. Натписи на сириски биле пронајдени дури и на Адријановиот ѕид во Шкотска, натписи кои биле напишани од асирски и арамејски војници во составот на војската на Римското Царство.[15]

Remove ads

Статус

Оживувањето на сирискиот јазик во скорешно време довело до одреден успех со основањето на весниците на пишан сириски јазик, процес сличен на современиот арапски јазик од раните декади на 20 век. Современиот книжевен сириски исто така е употребуван и за неверска книжевност, често за теми поврзани со Асирците.[16]

Сирискиот е зборуван како богослужбен јазик во Сириската Православна Црква.[17] Во Ирак денес е признат како малцински јазик.[18] Исто така, јазикот се изучува во некои основни училишта во Ирак, Израел, Шведска,[19][20] Аугсбург во Германија и Керала во Индија.

Во 2014 година асирска градинка се отворила во Јешилќој во Истанбул, Турција.[21] Сирискиот, заедно со курдскиот и арапскиот, е службен јазик во автономниот регион во северна Сирија - Демократска Федерација на Северна Сирија.

Писмо

Како и останатите северозападни семитски јазици, така и сирискиот има 22 согласки, односно 22 букви во писмото:

транслитерација ʾ b g d h w z y k l m n s ʿ p q r š t
букви ܐ ܒ ܓ ܕ ܗ ܘ ܙ ܚ ܛ ܝ ܟ ܠ ܡ ܢ ܣ ܥ ܦ ܨ ܩ ܪ ܫ ܬ
изговор [ʔ] [b], [v] [g], [ɣ] [d], [ð] [h] [w] [z] [ħ] [] [j] [k], [x] [l] [m] [n] [s] [ʕ] [p], [f] [] [q] [r] [ʃ] [t], [θ]

Наводи

Литература

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads