Астрономско броење на годините
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Астрономско броење на годините — броење засновано на н.е./ce годишно нумерирање, но го следи построго децималното броење. Дополнително, ја вклучува и нултата година, при што годините пред 0 се означени со негативни броеви, а годините по 0 се означени со позитивни броеви.[1] Астрономите го користеле јулијанскиот календар до 1582 година, вклучувајќи ја и годината 0, а грегоријанскиот календар по 1582 година, како што е прикажано од Жак Касини (1740),[2] Сајмон Њуком (1898)[3] и Фред Еспенак (2007).[4]
Претставката а.д. и наставки н.е. и п.н.е. (наша ера, пред Христа или пред наша ера) се исфрлени од употреба.[1] Годината 1 п.н.е. е означена со 0, а пак годината 2 п.н.е. е означена -1, и во целина годините n п.н.е. се нумерирани според „- (n - 1)“ (негативен број еднаков на 1 - n ). Броевите на годините од н.е. n н.е. се едноставно n или + n. За поедноставна пресметка, честопати е потребен и бројот нула, особено кога се пресметува бројот на години во период што ја опфаќа епохата, потребно е само да се одземат крајните години едни од други.
Системот е именуван како таков заради неговата употреба во астрономијата. Неколку други дисциплини покрај историјата се занимаваат со периоди пред 1 година, некои од нив се дендрохронологијата, археологијата и геологијата, од кои последните две користат „години пред сегашноста“. Иако апсолутните бројчени вредности на астрономските и историските години се разликуваат само една година пред 1 година, оваа разлика е клучна кога се пресметуваат астрономските настани како затемнувањата или планетарните врзувања за да се утврди кога се случиле одредени спомнати историски настани.
Remove ads
Употреба на годината нула
Во своите Рудолфини табели (1627), Јоханес Кеплер користел прототип на нулта година, кој го означил Кристи (Христос) меѓу годините означени со Анте Крист (пред Христа) и Пост Крист (по Христа) на средните табели за движење за Сонцето, Месечината, Сатурн, Јупитер, Марс, Венера и Меркур.[5] Во 1702 година, францускиот астроном Филип де ла Хирер употребил една година со која ја означил Christum 0 на крајот на годините со ознака Анте Кристум (п.н.е.), и веднаш пред годините со ознака пост Крист (н.е.) за средните движења во своите Астрономски табели, со што технички ја додал ознаката 0 на Кеплеровата Кристи.[6] Конечно, во 1740 година францускиот астроном Жак Касини (Касини II), кој е заслужен за воведувањето на годината нула,[7][8][9] го завршил преминот кон 0 година во неговите астрономски табели, едноставно означувајќи ја оваа година 0, сместувајќи ја на крајот на Јулијанските години со ознака авант Христос (пред Исус Христос или п.н.е.), а веднаш пред Јулијанските години означени како апре Исус Христос (по Исус Христос или н.е.).[2]
Касини ги дал следниве причини за користењето на 0 година:[10]
Годината 0 е онаа во каја се претпоставува дека се родил Исус Христос, при што неколку хронологисти ја означуваат со 1 пред раѓањето на Исус Христос, а пак ние ја означуваме со 0, така што збирот на години пред и по Исус Христос е интервалот меѓу овие годинии каде броевите деливи со 4 ги означуваат престапните години како имногумина пред и по Исус Христос.
— Жак Касини
Фред Еспанак од НАСА наведува 50 Месечеви мени во текот на 0 година, што укажува дека станува збор за цела година, а не момент.[4]
Постои несогласување меѓу астрономите и историчарите за начинот како да се бројат годините пред 1 година. Во [астрономските алгоритми], годините од 'п.н.е.' се бројат астрономски. Па така, годината пред годината +1 е нултата година, и годината пред нултата година е −1. Годината која историчарите ја нарекуваат 585 п.н.е. е всушност годината −584. Астрономското броење на негативни години е погодно од аритметички цели. на пример, при историското броење на годините, правилото на деливост со 4 за добивање на престапните Јулијански години е неприменливо; овие години се, сепак, 1, 5, 9, 13, ... п.н.е. Во астрономската низ, сепак, овие престапни години се 0, −4, −8, −12, ..., и се запазува правилото на деливост со 4.
— Жан Мес, Астрономски алгоритми
Remove ads
Запишани години без нултата година
Иако ги употребил вообичаените француски поими „авант И.Х.“ (пред Исус Христос) и „апре И.Х.“ (по Исус Христос) за да ги означи годините на други страници во својата книга, византискиот историчар Вананс Гримел користел негативни години (запишани со знак минус, -) за да означи години пред нашата ера, а пак годините од н.е. ги запишувал без во табелата. Тој то го правел најверојатно за да заштеди простор и да не става 0 години меѓу нив.[11]
1.0 верзијата на јазичната шема XML, честопати се користи за да се опишат податоци кои се размена помеѓу компјутери во XML, вклучува вграден во примитивни податочни типови датуми и време. Иако овие се дефинирани во смисла на ISO 8601 кој го користи пролептичниот Грегоријански календар и треба да вклучува година 0, спецификацијата на шемата XML наведува дека не користи нулта година. Верзијата 1.1 ја вклучува спецификацијата ISO 8601 која ја користи нултата година, и покрај проблемите кои произлегуваат од недостаток на позадинската компатибилност.[12]
Remove ads
Поврзано
- Астрономски времеслед
- Холоценски календар
- ISO 8601
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads