Историја

сеопшт поим за настаните во минатото и нивното изучување From Wikipedia, the free encyclopedia

Историја
Remove ads

Историја — поим што означува сознанија за минатото. Кога се користи како име за поле на студии, „историја“ се однесува на изучување и објаснување на минатото на човечките општества. Поимот „историја“ потекнува од грчкиот збор "ιστορία" или historia, што значи расказ, иследување, испитување односно познавање на она што е испитано и ја дели истата етимологија со англискиот збор story (приказна). Во поширока смисла на зборот, историја е сè што се случило, како во човечкиот живот, така и во природниот свет.

Thumb
Историја
од Николаос Гизис (1892)
Remove ads

Историски извори

Историчарите добиваат податоци за минатото од различни извори, како што се пишаните или печатените, монети и други артефакти, градби и споменици, како и преданија. Се што се случило пред забележаната историја се означува како праисторија.

Како историски извори може да послужат визуелните извори (извори кои можат да бидат во облик на илустрации, цртежи, слики, мапи, постери, фотографии, археолошки ископини и др.), писмените извори (кои се во облик на написи, тестаменти, книги, пописни материјали, дневници, мемоари и др.), усната историја (во вид на раскажување или сеќавања на постари лива), и аудиовизуелните извори. Предметите и пишаните сведоштва за животот и дејноста на луѓето во минатото се викаат историски извори.Изворите се делат на материјални и пишани.Исто така се користат и усните кажувања за минатото.Материјалните извори се разновидни.Во нив спаѓаат стари орудија, садови, облека, накит,уметнички дела и други. Материјалните остатоци се многу драгоцени.Затоа се чуваат во музеите,а некои,како остатоци од градбите,се наоѓаат на местото каде што се откриени.

Во пишаните историски извори спаѓаат извештаи,патописи,писма,записи,весници,книги...Тие се чуваат на разни места:во библиотеки,музеи,архиви и на други места.Пишаните извори се многу сигурни и даваат значајни податоци за минатото.

Во усните кажувања спаѓаат разни кажувања за историски настани кои се пренесуваат усно од генерација на генерација.На пример,тука спаѓаат легендите,митовите и песните.Во нив има доста неточности,измислени настани и личности,па историчарите ги користат многу внимателно.

Remove ads

Поделба по периоди

Праисторија

Историја (од појава на писмото)

Средниот век се дели на:

Средниот век може да се подели и според уметничките правци; во општествените односи преовладува феудализмот

    • предромантика (X век)
    • романтика (XI и XII век)
    • готика (XIII и XIV век)
    • Новиот век започнал со Колумбовото откривање на Америка во 1492 г.; во општествените односи се појавува капитализмот.

На полето на уметноста Новиот век се дели на:

Remove ads

Посебни истории

Историја на области или народи

Историја се може да се проучува според областити или народи:

Историја на Европа

Историја на Северна и Јужна Америка

Историја на Азија

Историја на Африка

Историја на Австралија

Историјата како тема во уметноста и во популарната култура

  • „Историја“ — песна на Никола Јонков Вапцаров.[1]
  • „Цикличниот од на историјата“ (Циклични ход историје) — кус расказ на македонскиот писател Митко Маџунков од 1984 година.[2]
  • „Историја“ — песна на македонскиот поет Анте Поповски.[3]
  • „Историја“ - песна на рускиот поет Александар Ревич.[4]
  • „Лекција по историја“ (англиски: History Lesson) — песна на американската хард-кор група Минитмен Minutemen од 1981 година.[5]
  • „Лекција по историја - втор дел“ (англиски: History Lesson - Part II) — песна на американската рок-група „Минитмен“ (Minutemen) од 1984 година.[6]
Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads