Атанас Јаранов
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Атанас Jaранов (18 јануари 1878, Кукуш - Софија, 1964) учител, просветен деец и револуционер, член на ВМОРО.
Биографија

Прв ред: Климент Бојаџиев, Емануил Лепчев, Наум Темчев, Константин Стојанов, Лазар Цунев и Стефан Зографов;
Втор ред: Александар Димитраков, Атанас Јаранов, Крсте Петков Мисирков, Панче Хаџиздравев, Антон Димитров.
Атанас ја завршил Самоковската духовна семинарија во 1897 година, а во 1902 завршил филозофија во Софискиот универзитет. Бил учител по историја во Битолската егзархиска гимназија. Јаранов бил член на окружниот комитет на ВМОРО во Битола во 1902-1903 година. По задушувањето на Илинденското востание ја напуштил Македонија и есента 1903 година заминал на студии за правни и државни науки во Лајпциг и Женева, дипломирал и докторирал во 1908 година. Се вратил во Македонија и предавал во Солунската гимназија. Во 1906 година бил уапсен во Мацановата афера, но во 1907 година бил ослободен. Во Солун се оженил со кукушанка. Пишувал во весник „Вардар“ (1911-1912). Од 22 април 1913 Атанас бил лектор по француски јазик во Софискиот универзитет. Од 15 март 1914 до 5 април 1921 година бил редовен лектор. Бил доброволец во Македоно-одринското ополчение за време на Балканските војни, бил во третата солунска дружина под команда на Димитар Думбалаков, но по настојување на полковник Петар Дрвингов бил префрлен во штабот на ополчението.
По Балканските војни пребегал со брод заедно со семејството во Бугарија. Бил назначен за трговски конзул во Стокхолм, Шведска во периодот 1915-1918 година. По крајот на Првата светска војна се вратил во Софија и работел во Софискиот универзитет како предавач во катедра Француска филологија. Во 1921 година бил советник во Извршниот комитет на Сојузот на македонските емигрантски организации. Бил член-уредувач на Македонскиот научен институт. Во 1936 година бил новинар и редактор на списанието „Нова дума“, а во периодот 1920-1923 на списание „Седмичен икономически преглед“, La Courrier de Bulgarie и La Patrie. Директор бил на L'Echo de Bulgarie. Атанас Јаранов бил автор на драми, книги, учебници и речници по француски јазик.
Remove ads
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads