Атанас Мурџев

From Wikipedia, the free encyclopedia

Атанас Мурџев
Remove ads

Атанас (Тано) Перев Мурџев или Мурџов, со прекар „Планински“ (31 јануари 1872 - 21 април 1944) — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонската револуционерна организација и Македонскиот комитет.

Кратки факти Роден, Починал ...
Remove ads

Животопис

Атанас Мурџев е ​​роден на 31 јануари 1872 година во Прилеп, тогаш во Отоманското Царство. Завршил во Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“ каде се спријателува со Даме Груев. Мурџев е ​​еден од првите членови на Организацијата во 1894 година, како агитатор и организатор, а потоа станува четник. Гевгелискиот раководител на Организацијата, Илија Докторов пишува:

Thumb
Четата на Атанас Мурџев
Во тие два анoви-хотели, кои беа еден до друг, постојано се навртуваа Васил Панчев, поп Стам Танчев, Атанас Мурџев и Григор Иванов Тотев. Тоа четворицата беа најдоверливите помошници на Даме Груев. Со нив се регулираа, тајните состаноци на Даме Груев со лица кои доаѓаат од провинцијата по организациски работи; ним им се доделуваа работи од сериозен карактер, тие беа во постојан конкакт со сите терористи и преку нив се праќаше и примаше тајната пошта од провинцијата [1].

Во 1897 година учествува во организирање на бомболеарницата на Организацијата во селото Сабљар [2]. Подоцна Мурџев преминал на страната на Македонскиот комитет и навлегол во Македонија со четата на Кочо Мустракот [3].

На 2 септември 1903 година на Руен планина, Атанас Мурџев го осветува знамето на Разградското македонско-одринско друштво, по што влегува во Македонија и учествува Илинденското востание [4]. На почетокот на востанието четите на Атанас Мурџев, Тома Пожарлиев, Григор Манасиев, поручникот Иван Топчев и Никола Дечев со 152 лица се наоѓаат во Кратовско. Таму се борат на 25 септември над Луково, борбата траела 15 часа и паднале 8 души, меѓу кои и војводите Григор Манасиев, Иван Топчев и Никола Дечев [5].

Thumb
Знамето на Разградското македонско-одринско друштво

Потоа Мурџев се повлекол во Бугарија, каде што станува војвода на новоорганизирана чета од 400-500 луѓе, заедно со Сотир Атанасов, Никола Пушкаров и Ганчев. Во неговата чета е и Григор Соколов - Љаме, кој подоцна преминал страната на Српското четничко движење во Македонија [6]. Четата водела борби со турскиот аскер кај Крива Паланка и Долна Љуба. По задушување на востанието, војводата Мурџев го чувал востаничката знаме во својот дом, а во 1943 година го предава на Главниот воен музеј (денес Национален воено-историски музеј) [4].

При избувнување на Балканската војна во 1912 година е доброволец во Македонско-одринското ополчение и служи во четите на Јане Сандански и Дончо Златков и во нестројната чета при 13-та Кукушка дружина [7].

Во мај 1913 година е избран за член на револуционерниот штаб на Тиквешкото востание. По Втората балканска војна се населува во Бугарија. Починал во Тетевен на 21 април 1944 година.

Remove ads

Извори

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads