Кочо Муструкот

From Wikipedia, the free encyclopedia

Кочо Муструкот
Remove ads

Кочо Муструков познат како Муструкот[1] ( 1873 , Трстеница, Серско, денес во егејскиот дел на Македонија - 20 мај 1901 ) — македонски револуционер, војвода на Врховниот македоно-одрински комитет и Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација.[2][3][4]

Кратки факти Роден, Починал ...
Remove ads

Животопис

Муструкот е роден во 1873 година в зихненското село Трстеница.[5] Како долгогодишен ајдучки војвода, Муструкот учествувал во Мелничкото востание на Македонскиот комитет во 1895 година и поради недисциплинираност влегол во конфликт со војводата на четата Борис Сарафов.[6]

После востанието повторно станал ајдук. Во 1899 година бил делегат на Рилското друштво на Шестиот македонски конгрес.[7] Потоа бил привлечен кон ВМОРО и дејствувал со Гоце Делчев, но повторно се одвоил од четата, на своја глава договарал откуп на калуѓер од Серскиот манастир и го ослободил за 300-400 лири.[8] Бил казнет со смрт за своеволие од Неврокопската реонска чета на Атанас Тешовски.[9]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads