Атлантска Шума

биом во Бразил From Wikipedia, the free encyclopedia

Атлантска Шума
Remove ads

Атлантска Шума (португалски Mata Atlântica) — подрачје на тропска и суптропска дождовна шума, тропски савани, полулистопадни шуми, мангрова шума и придружни грмушки (restingas) кои се протегаат долж атлантскиот брег на Бразил, од бразилската сојузна држава Рио Гранде до Норте на север, до државата Рио Гранде до Сул во југ (во државите Баија и Еспирито Санто ), и внатре кон запад сè до Парагвај и аргентинската покраинаМисионес. Се одликува со голема ендемска биоразновидност [1] .

Thumb
Бразилска вегетација според доминантни видови. Атлантската Шума е прикажана во тиркизна боја.
Кратки факти светско наследство на УНЕСКО, Критериум ...

Тоа бил првиот пејзаж со кој се соочиле португалските освојувачи пред 500 години, па оттука е и името „брег на откритието“ (Costa do Descobrimento). Потоа се прошири на околу 1 до 1,5 милиони км², од крајбрежјето далеку во непознатата внатрешност на јужноамериканскиот континент . Денес, Атлантската Шума опфаќа околу 95.000 км² (7,3% од изворната површина), главно во Бразил и во помал дел во Парагвај и Аргентина [2].

Во ова подрачје има неколку природни резервати (Линхарес), биолошки резервати и национални паркови, со вкупна површина од околу 1119,3 км², кои се најбогата област во светот во однос на биоразновидноста (гледајќи го бројот на видови дрвја по хектар, што беше некаде околу 450 видови) и во кои се населени невиден број ендеми, кои откриваат траги и примери на еволуција. Затоа, тие беа заеднички запишани на списокот на УНЕСКО за места на светско наследство на Америка во 1999 година како „осамени остатоци од некогаш широки шуми кои се незаменливи светски шумски наследства“ [3] .

Remove ads

Одлики

Thumb
Атлантската Шума на планините Сера да Грациоза
Thumb
Раскошот на биоразновидности

Варовничко плато со висорамнини (sierras) опфаќа поголем дел од ова подрачје чија граница ја сочинуваат линија на бели или црвеникави карпи на морскиот брег. Седиментите и песокот од реките и морските наслаги формираат неправилни брегови на песочни дини и рамнини и се насобираат во големи речни долини. Највисоките формации на Брегот на откритиетп се кружните ридови од вулканско и метаморфно потекло кои се концентрирани на југот, од кои најпознат е Монте Паскоал .

Атлантската Шума се јавува во неколку видови:

  • Рестинга е шума која расте на зацврстени крајбрежни дини и главно се состои од густи крошни со ниска шума со голема густина. Отворената рестинга е слична на саваните со расфрлани групи на ниски дрвја и грмушки, а и густи слоеви на трева, тревни растенија и папрати .
  • Тропската дождовна шума, до 300 м надморска височина, прима повеќе од 2.000 mm дожд годишно и според пределот е поделен на низинска, под-планинска и планинска тропска дождовна шума. Атлантската тропска дождовна шума е посебна затоа што лежи далеку под 24° јужна географска ширина, што се смета за граница на тропските предели, затоа што ветровите пасати помагаат да се задржат и во текот на јужната зима. Всушност, бразилската атлантска шума има повеќе врнежи од мај до август отколку во летните месеци.
  • Табулеиро шумите може да се најдат на многу влажни глинени почви, додека табулеиро саваните се појавуваат на брзосушните песочни почви. Тоа се влажни подрачја кои зависат од влажниот океански воздух.
  • Атлантската сува или сезонска шума се наоѓа во внатрешноста и претставува премин од суви каатинга шуми на северозапад и церадосца савани на исток.

Овие шуми се пониски, поотворени со повеќе листопадни, а помалку видови тропски дрвја. Тие добиваат од 700-1,600 мм дожд годишно со одредена сезона на суша.

  • Планинската влажна шума се наоѓа на поголема надморска височина, во планините и висорамнините на јужен Бразил.
  • Грмушните планински савани или Кампо рупестре се појавуваат во највисоките делови на пределот.

Атлантската Шума е јасно одделена од другите два јужноамерикански шумски состави, од шумата Амазон со отворени пространства каатинга и церада и од Андската шума со сува вегетација и депресии чакоа. Благодарение на ова одвојување, на ова подрачје се појавија голем број ендемски видови: 40% растенија, 52% дрвја и 60% животни, од кои 92% се водоземци. Некои примери се: кокошка Crax blumenbachii, волнени мајмуни пајаци (Brachyteles),Chaetomys subspinosus и многу канџести како и неколку видови на лавји тамарини (Leontopithecus).

Таа е исто така голем биосферен резерват со голем број на критично загрозени видови како што се: бразилско дрво ( Caesalpinia echinata ), палма Euterpe edulis, црвена мангрова ( Rhizophora mangle ), тропски мрзливец(Bradypus torquatus), Aburria jacutinga, јагуар и други.[4]

Скоро 250 видови водоземци, птици и цицачи се искоренети со човечка активност во областа во последните 400 години. Исто така, секоја година се откриваат некои досега непознати видови на растенија и животни, како што се критично загрозени лавји тамарин Superagui (Leontopithecus caissara, откриен во 1990) и златен капуцин (Cebus flavius), откриен дури во 2006 година.

Remove ads

Извори

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads