Атомска централа „Акују“

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Атомска централа „Акују“ (турски: Akkuyu Nerkleer Güç Santrali) — атомска централа што е во фаза на развој во Аккују, во Бујукеџли, провинција Мерсин, Турција. Тоа ќе биде првата атомска централа во земјата[1].

Кратки факти Атомска централа „Акују“, Земја ...
Remove ads

Историја

Првата лиценца за проектот за атомската централа Акују беше издадена од Комисијата за атомска енергија во 1976 година. Во мај 2010 година, Русија и Турција потпишале договор дека подружница на „Росатом“, агенција за атомска енергија на Русија и „Акују“ НГС Електрик Уретим Корп ќе изгради, поседува и управува со електрана во Акују, која опфаќа четири постројки од 1.200 MW ВВЕР[2]. Договорот бил ратификуван од турскиот парламент во јули 2010 година[3]. Инженерските и истражувачките работи започнале на местото во 2011 година[4][5].

Во 2013 година, руската атомска градежна компанија Атомстројекспорт (АСЕ) и турската градежна компанија Оздогу го потпишале договорот за подготовка на локацијата за предложената атомска централа „Акују“. Договорот вклучува и истражувачки работи на местото[6].

Официјалната церемонија на започнување се одржала во април 2015 година[7]. Главната изградба започнала во март 2018 година[8], и се очекува првата постројка да започне со работа во 2023 година[8][9]. Другите три постројки се очекува да бидат завршени до 2025 година[8].

На 9 декември 2015 година, новинската агенција Ројтерс објавила дека Росатом ги запрела градежните работи во електраната и дека Турција ги проценува другите потенцијални кандидати за проектот[10]. Но, Росатом и турското Министерство за енергија и природни ресурси веднаш ја отфрлиле изјавата[11]. И покрај тензиите поставени меѓу Русија и Турција, поради турското соборување на рускиот авион на 24 ноември (2015 година), рускиот претседател Владимир Путин изјавил дека одлуката да се продолжи е чисто комерцијална[12]. Извор за РИА Новости изјавил дека компанијата основана за изградба на атомската централа ги продолжила своите операции во Турција[13][14].

Во март 2019 година, бетонската основа на Постројка 1 бил завршен[15].

Remove ads

Финансирање

Финансирањето е обезбедено од руски инвеститори, со 93% од подружница на Росатом. До 49% од акциите може да се продадат подоцна на други инвеститори[16]. Потенцијални инвеститори се турските компании Парк Текник и Електрик Уретим[4].

Турската корпорација за трговија и договори со електрична енергија (TETAS) гарантирала купување на 70% електрична енергија произведена од првите две постројки и 30% од третата и четвртата постројки во текот на 15-годишниот договор за откуп на електрична енергија. Електричната енергија ќе се купи по цена од 12,35 американски центи по kWhh, а преостанатата моќност ќе се продава на отворениот пазар од страна на производителот[17]. Според еден енергетски аналитичар, оваа цена е загрижувачки висока[18].

Remove ads

Приговори

Најважниот приговор е дека Бујукеџли и околното крајбрежје може да го загубат својот туристички потенцијал по реализацијата на проектот[19]. Сепак, претседателот на трговскиот совет на населбата, Алпер Гурсој исто така додал дека атомската енергија е неопходна за турската економија и дека изградбата на таков голем погон може да има корист за градската економија[20].

На 17 април 2011 година во Мерсин бил формиран собир во знак на протест против одлуката[21]. Планирано е да има 30 локации за формирање синџири по автопатот што го поврзува Мерсин со Акују. Но, учеството било поголемо од очекуваното и неколку од овие синџири беа споени. Источниот крај на ланецот се наоѓаше во средниот град Мерсин и достигнал околу 20 километри западно долж автопатот непрекинато. Учествувале и населбите на запад, вклучувајќи ги окружните центри Силифке и Ердемли, како и Бујукеџли , градот најблизок до градилиштето. „Земјотресот и цунамито во Јапонија докажаа колку е опасна атомска технологија“, рекол Сабахат Аслан, портпарол на антиатомската платформа на Мерсин. „Го организиравме овој протест да им кажеме „не“ на атомските централи, што ќе ги доведе во опасност идните генерации[22].

На 12 јануари 2015 година било објавено дека се фалсификувани потписи на специјалисти во извештај за влијанието врз животната средина, одобрено од владата. Специјалистите поднеле оставки шест месеци пред неговото доставување, а договорната компанија тогаш направила еднострани измени во извештајот[23]. Откривањето предизвикало протест во Северна Никозија. Изградбата на фабриката „Акују“ е контроверзна во Кипар, поради неговата близина на островот[24].

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads