1976
година From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
1976 (MCMLXXVI) — престапна година според општоприфатениот календар. Тоа била 1976 година од новата ера, 976. од вториот милениум, 76. од XX век и седма од 1970-тите.

Remove ads
Други календари
Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 7484 и 7485 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6726 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5736 и 5737 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2729.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1976 година се протега во 4612 и 4613, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4672 и 4673 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 2519. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 1395 и 1397 исламска година.
Remove ads
Настани
- 1 јануари - Формирана е македонската џез/рок група Леб и сол.
- 4 февруари - Отворени се Зимските олимписки игри во Инсбрук, Австрија.
- 27 февруари - Западна Сахара проглесува независност.
- 24 март - Вооружените сили на Аргентина ја соборуваат претседателката Исабел Перон.
- 25 април - Усвоен е новиот Устав на Португалија.
- 29 јуни - Сејшелите стекнуваат независност.
- 2 јули - Северен и Јужен Виетнам се обединуваат во Социјалистичка Република Виетнам.
- 17 јули - Индонезија го анектира Источен Тимор.
- 17 јули - Отворени се Летните олимписки игри во Монтреал, Канада.
- 1 август - Тринидад и Тобаго стануваат република.
- 2 ноември - На претседателските избори во САД победува Џими Картер.
Remove ads
Родени
- 21 јануари - Ема Бантон, англиска пејачка
- 12 февруари - Силвија Сеинт, чешка глумица
- 19 мај - Кевин Гарнет, американски кошаркар
- 23 јуни - Патрик Виера, француски фудбалер
- 1 јули - Патрик Клајверт, холандски фудбалер
- 1 јули - Руд ван Нистелрој, холандски фудбалер
- 25 јули - Јовица Тасевски - Етернијан, македонски поет
- 22 септември - Роналдо, бразилски фудбалер
- 26 септември - Михаел Балак, германски фудбалер
- 29 септември - Андриј Шевченко, украински фудбалер
- 4 октомври - Алисија Силверстон, американска глумица
- 27 октомври - Лазар Наумов,македонски музичар
- 7 декември - Маја Апостолоска, македонска поетеса
Починале
- 8 јануари - Чу Ен Лај, кинески револуционер и политичар
- 12 јануари - Агата Кристи, англиска писателка
- 24 февруари - Димитар Митрев, македонски литературен критичар
- 11 мај - Алвар Алто, фински архитект
- 26 мај - Мартин Хајдегер, германски филозоф
- 17 јули - Вељо Личеноски, прв филмски монтажер во Македонија, еден од основоположниците на македонскиот филм и еден од најистакнатите режисери на ТВ Скопје.
- 9 септември - Мао Це Тунг, кинески револуционер и политичар
- 25 октомври- Ремон Кено, француски писател
Remove ads
Поврзано
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads
