Атомски полупречник
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Атомски полупречник (атомски радиус) — растојанието меѓу најоддалечените електрони во еден атом и атомското јадро на тој атом.

Атомските полупречници се менуваат во периодниот систем: со секоја нова периода се пополнува нов електронски слој. Затоа, атомските полупречници растат одејќи надолу по група, а надесно по периода се намалуваат. Значи, одејќи надесно по една периода, кај секој нареден елемент има по еден електрон повеќе кој се сместува во истиот електронски слој. Но, истовремено, кај секој следен елемент бројот на протони (атомски број) во јадрото се зголемува за еден. Како резултат на тоа, електростатичките привлечни сили меѓу јадрото и електронската обвивка се зголемуваат што резултира со намалување на атомските полупречници.
Remove ads
Споредба на валентните и атомските полупречници
Атом | Валентен полупречник | Атомски полупречник |
N | 0.7 | 0.71 |
P | 1.1 | 1.15 |
S | 1.04 | 1.04 |
I | 1.33 | 1.35 |
Поврзано
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads