Атомски полупречници на елементите

список на статии на Викимедија From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Атомскиот полупречник на еден хемиски елемент е растојанието од средиштето на јадрото до неговата најдалечна електронска обвивка. Бидејќи границата не е добро определена физичка величина, постојат повеќе поимувања на атомскиот полупречник. Зависно од дефиницијата, поимот може да се однесува на поединечни атоми, атоми во кондензирана материја, ковалентно сврзани во молекули или пак во јонизирана и возбудена состојба; вредноста може да се добие со мерење по опитен пат, или да се пресмета според теоретските модели. Според некои дефиниции, вредноста на полупречникот зависи од состојбата и контекстот на атомот.[1]

Полупречниците се движат на предвидлив и закономерен начин низ периодниот систем. На пример, полупречниците се намалуваат кон десно по периода (ред), од алкални метали до благородните гасови; а се зголемуваат надолу во секоја група (столб). Полупречникот нагло се зголемува помеѓу благородниот гас на крајот од секоја периода и алкалниот метал на почетокот од секоја следна. Овие закономерности за полупречниците (и разни други хемиски и физички својства на елементите) се должат на електронските обвивки на атомите и служат како показател за исправноста на квантната теорија.

Remove ads

Атомски полупречници

Напомена: Сите полупречници се изразени во пикометри (пм).

н. п. = нема податоци
Повеќе информации Атомскиброј, Симбол ...
Remove ads

Поврзано

Белешки

  • Полупречникот на атомот нема една определница, туку зависи од дефиницијата. Податоците добиени од други извори со различни поаѓалишта не се споредливи.
  • † со уточнетост од 5 пикометри
  • (а) Извор на овие полупречници: M. Mantina, A.C. Chamberlin, R. Valero, C.J. Cramer, and D.G. Truhlar, J. Phys. Chem. A 2009, 113, 5806.
  • (б) 12-координатен
  • (в) галиумот има аномална кристална структура
  • (г) 10-координатен
  • (д) ураниумот, нептуниумот и плутониумот имаат неправилни структури

Наводи

Извори

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads