Ашер
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Ашер Теренс Рејмонд IV (на англиски: Usher Terrence Raymond IV) (роден на 14 октомври 1978 ) попознат само под мононимот Ашер е американски музички артист, танчер и глумец. На светско ниво се смета за крал на Р&Б музиката.[1][2] Славата ја добил кон крајот на 1990-тите со издавањето на неговиот втор албум My Way кој му го донел и неговиот прв Билборд Хот 100 број еден хот „Nice and Slow“. Следниот студиски албум 8701 (2001) му ги носи и број еден хитовите „U Remind Me“ и „U Got It Bad“. Двата албуми продале околу 8 милиони копии на светско ниво, поставувајќи го Ашер како еден од најпродаваните Р&Б артисти на 1990-тите.[3]
Успехот на Ашер продолжува и со неговиот албум Confessions (2004), кој има продадено околу 10 милиони копии во Соединетите Држави и сертифициран како дијамантски албум од страна на RIAA.[4] Confessions ја има историски највисоката продажба во првата недела од издавањето која еден Р&Б артист ја постигнал и има продадено повеќе од 20 милиони копии на светско ниво. Во албумот се вклучени број еден хитовите „Yeah!“, „Burn“, „Confessions Part II“ и „My Boo“. Неговиот следен албум од 2008 Here I Stand има продадено околу 5 милиони копии на светско ниво, а неговиот пилот сингл „Love In This Club“ го достигна првото место на американскиот Билборд Хот 100.[5]
На 3 март 2010 Ашер го издава неговиот шести студиски албум Raymond v. Raymond, кој воедно станува и негов трет албум кој дебитира на број еден на американскиот Билборд 200.[6] Има добиено платинско признание од страна на RIAA, а во него е вклучен Билборд Хот 100 број еден хитот „OMG“.[7] Песната е неговиот деветти број еден хит во Соединетите Држави, правајќи го првиот артист на 2010-тите да собере толкав број на хитови во 3 декади и само 4 артист на сите времиња кој го направил тоа. Подоцна издава и екстендед плеј и делукс верзија на Raymond v. Raymond, насловена како Versus која дебитира на 4 место на Билборд 200. Пилот синглот „DJ Got Us Falling In Love“ доживеа интернационален успех и го достигна 4 место на Билборд Хот 100.
До денеска, Ашер има продадено повеќе од 65 милион плочи на светско ниво,[8][9] а со тоа тој е еден од најпродаваните музички артисти на сите времиња. Има добиено голем број награди вклучувајќи седум Греми Награди, 4 Светски музички награди, 6 Американски музички награди и 19 Билборд музички награди. Во САД има продадено повеќе од 23 милиони копии. Тој е број еден Хот 100 артист на декадата 2000-2010.
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads