14 октомври
датум From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Предлошка:Октомври 2025
14 октомври — 287-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (288-и во престапна година). Остануваат 78 денови до крајот на годината.
Настани:
| 1933 | Германија се повлекува од Друштвото на Народите. |
| 1944 | Германскиот окупатор изврши масовни убиства во 9 села во Штипско и Кочанско. Најмногу настрадале штипските села Крупиште, каде биле убиени 49 лица, и Горни Балван со убиени 26 лица, како и кочанското село Уларци со убиени 25 лица. |
| 1944 | Ослободена е Атина од страна на британската војска. |
| 1981 | Потпретседателот Хосни Мубарак е избран за претседател на Египет, една недела по убиството на претседателот Анвар Садат. |
| 1993 | Во Њујорк е потпишано заедничко соопштение за воспоставување на дипломатски односи меѓу Република Македонија и Народна Република Кина, на ниво на амбасадори. Потпишувањето е извршено под уставното име. |
| 1994 | По Ирската републиканска армија и лојалистичките паравоени единици, објавија општ прекин на воените дејства, со што се создадени основните предуслови за почеток на крајот на крвавата Северноирска граѓанска војна. |
Родени:
| 1829 | Август Малмстрем — шведски историски сликар. |
| 1890 | Двајт Ајзенхауер — американски генерал и политичар. |
| 1919 | Димитар Митрев — македонски литературен критичар и есеист, академик, професор на Филозофскиот факултет во Скопје. |
| 1931 | Душко Гојковиќ — српски џез-музичар и композитор. |
| 1940 | Клиф Ричард — англиски поп-музичар. |
| 1958 | Томас Долби — англиски поп-музичар. |
| 1959 | Ацо Петровиќ — српски кошаркарски тренер. |
| 1960 | Стив Крем — британски атлетичар. |
| 1978 | Ашер — американски поп-пејач. |
| 1985 | Виталиј Фридзон — руски кошаркар. |
Починале:
| 1856 | Јохан Каспар Мерц — австроунгарски гитарист и композитор. |
| 1944 | Ервин Ромел — германски фелдмаршал, познат како „Пустинска лисица“ (р.1891). |
| 1958 | Николај Заболоцки — советски и руски поет. |
| 1977 | Бинг Крозби — американски глумец и пејач, добитник на филмската награда „Оскар“. |
| 1990 | Леонард Бернштајн — американски композитор, пијанист и диригент, познат по музичките нумери во филмот „Приказна од западната страна“. |
| 2010 | Беноа Манделброт — француско-американски математичар, познат изучувач на фракталите (р. 1924). |
| 2012 | Бранко Чрнац Туста — хрватски рок-пејач, член на групата КУД Идијоти. |
| 2018 | Милена Дравиќ — српска и југословенска глумица. |
| 2021 | Марко Живиќ — српски глумец. |
| 2022 | Роби Колтрејн — британски глумец. |
| 2025 | Пенелопе Милфорд — американска глумица. |
| 2025 | Д’Анџело — американски поп-музичар. |
Remove ads
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads