Ајзенберг (Тирингија)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Ајзенберг (германски: Eisenberg) — град и административно седиште на округот Зале-Холцланд, во сојузната покраина Тирингија, Германија. Градот се наоѓа на половина пат помеѓу Јена (25 километри на запад) и Гера (15 километри на југоисток).
За други истоимени места, погледајте Ајзенберг.
Западно од Ајзенберг води автопатот А9 од Берлин до Минхен. Традиција во Ајзенберг на Бадник е луѓето во градот да се сретнат на плоштадот и до шест часот да слушаат божиќна музика во живо од кулата на Градското собрание - свирена од хорот на лутеранската парохија.
Главна знаменитост во градот е барокната замок-црква, изградена во 1692 година од Кристијан, војвода на Саксо-Ајзенберг.
Remove ads
Географија
Градски единици
Градот Ајзенберг се состои од историскиот Стар град и поновите градски единици. Околу еден километар на север се наоѓа населбата Хајмштетен. Во долината на Рауда, јужно од Стариот град, долж потокот се наоѓаат осум .
Кон Ајзенберг се припоиле поранешните соседни општини Фридрихстанек, Заза и Курсдорф.
Соседни општини
Соседни општини се Гезен, Хајншпиц, Хајделанд, Петерсберг, Рауда, Зилбиц, Таутенхајн и Вајсенборн.
Клима
Просечните годишни врнежи во периодот 1961-1990 изнесуваат 646 мм и со тоа се под германскиот просек. Најсув месец е февруари, додека најмногу врнежи паѓаат во јуни и во август.
Remove ads
Политика
Градски совет
Градскиот совет на градот Ајзенберг се состои од 24 членови, што одговара за град помеѓу 10.001 и 20.000 жители.[2] Членовите се избираат со мандат од пет години.
Според последните општински избори на 26 мај 2019 година биле добиени следниве резултати:[3]
Партија / Листа | Удел | +/− %p | Места | +/− |
CDU | 44,7 % | + 15,7 | 11 | + 4 |
SPD | 18,5 % | − 8,5 | 4 | − 2 |
Die Linke | 17,1 % | − 8,8 | 4 | − 2 |
FDP | – | − 3,0 | 0 | − 1 |
BDS* | 19,7 % | + 5,1 | 5 | + 1 |
* Сојуз за посебност
Градоначалник
Од 1 јули 2019 година, градоначалник на Ајзенберг е Михаел Кислих (CDU).
Збратимени градови
Ајзенберг е збратимен со следниве градови:
Remove ads
Галерија
- Воздушен поглед на градот
- Воздушен поглед на плоштадот
- Градскиот музејСSСS
- Градското собрание
- Градската црква
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads