Тирингија

From Wikipedia, the free encyclopedia

Тирингија
Remove ads

Слободната држава Тирингија (германски: Freistaat Thüringen) — покраина на Германија, која се наоѓа во средишниот дел на државата. Има површина од 16.171 км2 и 2,29 милиони жители, што ја прави шеста најмала покраина по површина и петта најмала по население помеѓу германските покраиниstates. Поголемиот дел на Тирингија припаѓа на речниот слив на Зале, лева притока на Елба. Нејзин главен град е Ерфурт.

Кратки факти Слободна Држава Тирингија Freistaat Thüringen, Држава ...
Thumb
Ерфурт, главен град на Тирингија.
Thumb
Гера
Thumb
Јена

Тирингија е позната и под прекарот „зеленото срце на Германија“ (das grüne Herz Deutschlands) од крајот на 19. век,[2] поради густите шуми присутни низ целата покраина.

Тирингија е добро позната во Германија по својата природа и зимските спортови. Дом е на Ренштајг, најпознатата патека за планинарење во германија и зимскиот центар Оберхоф. Германија има освоено повеќе златни медали на Зимските олимписки игри од било која друга држава во последните 20 години, додека половина од тие медали за Германија се освоени од спортисти од Тирингија.[3]

Thumb
Вајмар
Remove ads

Географија

Од северозапад во насока на стрелките на часовникот, Тирингија се граничи со германските покраини Долна Саксонија, Саксонија-Анхалт, Саксонија, Баварија и Хесен. Сртовите на западните планини на Харц го делат регионот од Долна Саксонија на северозапад, додека источниот дел на Харц слично ја дели Тирингија од покраината Саксонија-Анхалт на североисток. На југ и југозапад, Тириншката Шума го дели древниот регион Франконија, сега северен дел на Баварија, од нерамните низини во Тирингија. Средишниот масив Харц се протега кон југ долж западниот дел во северозападниот агол на регионот Тириншка Шума, правејќи ја Тирингија претежно низинска земја. На запад од планините и југ е сливното подрачје на реката Рајна.

Најголема видлива географска одлика на Тирингија е Тириншката Шума, планински масив во југозападниот дел. Реката Вера, притока на реката Везер, раздвојувајќи го овој масив од вулканските Рен Планини, кои делумно се наоѓаат во Тирингија, Баварија и Хесен. На северозапад, Тирингија вклучува мал дел на Харц. Источниот дел на Тирингија е воглавно низина. Реката Зале тече низ овие низини од југ кон север.

Географскиот центар на Сојузната Република се наоѓа во Тирингија, близу општината Нидердорла.

Видете Список на места во Тирингија.

Тирингија е поделена во 17 окрузи (Landkreise):

Thumb
Карта на Тирингија која ги прикажува границите на окрузите
  1. Ајхсфелд
  2. Алтенбург
  3. Вајмар
  4. Вартбург
  5. Гота
  6. Грајц
  1. Зале-Орла
  2. Зале-Холцланд
  3. Залфелд-Рудолштат
  4. Земерда
  5. Зонеберг
  6. Илм
  1. Кифхојзер
  2. Нордхаузен
  3. Унштрут-Хајних
  4. Хилдбургхаузен
  5. Шмалкалден-Мајнинген

Исто така постојат и шест урбани окрузи (кои не се означени на картата):

  1. Ајзенах
  2. Вајмар
  3. Гера
  4. Ерфурт
  5. Зул
  6. Јена

Секој од урбаните окрузи содржи град со истото име (види ја табелата подолу, „Градови во Тирингија“).

Градови

Градови во Тирингија
МестоГрадЖителиОкруг
31 декември 197031 декември 200030 јуни 2005
1.Ерфурт192.679200.564202.590урбан оркуг
2.Гера106.841112.835104.737урбан округ
3.Јена85.16999.893102.201урбан округ
4.Вајмар63.98562.42564.361урбан округ
5.Гота57.25648.37647.045Гота
6.Ајзенах50.05944.44237.858урбан округ
7.Нордхаузен42.01845.63343.781Нордхаузен
8.Мајнинген68.17748.02542.202Шмалкалден-Мајнинген
9.Алтенбург47.49741.29038.203Алтенбург
10.Зул34.87632.24037.642урбан округ
11.Милхаузен46.13538.69537.480Унштрут-Хајних
12.Залфелд31.04829.51128.148Залфелд-Рудолштат
13.Илменау19.63427.17626.713Илм
14.Арнштат27.36827.22025.828Илм
15.Рудолштат30.08727.52825.584Залфелд-Рудолштат
16.Аполда29.75425.89924.684Вајмар
17.Грајц39.42426.17724.007Грајц
18.Зонеберг29.81124.83723.928Зонеберг
19.Зондерсхаузен22.19523.08821.718Кифхојзер
20.Земерда15.95921.97720.885Земерда
21.Лајнефелде-Ворбис
(создаден на 16 март 2004)
4.315 (ЛФ)
3.401 (ВО)
15.056 (ЛФ)
5.497 (ВО)
20.816Ајхсфелд
22.Бад Лангензалца16.81319.91718.760Унштрут-Хајних
23.Шмалкалден14.52718.55117.893Шмалкалден-Мајнинген
24.Цојленрода-Трибес
(создаден на 1 март 2006)
13.549 (ЦР)
4.790 (ТР)
14.600 (ЦР)
4.230 (ТР)
17.702Грајц
25.Хајлигенштат12.46417.29117.175Ајхсфелд
26.Бад Залцунген11.46617.08616.551Вартбург
27.Песнек19.54714.34113.592Зале-Орла
28.Шмелн13.96813.19312.693Алтенбург
29.Цела-Мелис
(создаден на 1 април 1919)
17.13613.03612.355Шмалкалден-Мајнинген
30.Хилдбургхаузен10.65212.46612.351Хилдбургхаузен
31.Ајзенберг13.85911.76411.489Зале-Холцланд
32.Валтерсхаузен14.21911.72511.307Гота
Remove ads

Историја

Кратки факти Војводство (Landgraviate) ТирингијаHerzogtum (Landgrafschaft) Thüringen, Статус ...

Именувана по племето Туринги, кои ја населувале областа околу 300 година од нашата ера, Тирингија била под власта на Франките до шестиот век, создавајќи дел од понатамошното Свето Римско Царство.

Thumb
Грб на грофовите на Тирингија (1265)

Тирингија станала landgraviate во 1130. По исчезнувањето на владејачката Лудовиншка линија на грофови во 1247 и војната за Тирингија (1247–1264), западната половина станала независна под името „Хесен“, никогаш потоа не станала дел од Тирингија. Поголемиот дел од преостанатиот дел на Тирингија преминал под владение на ветинската династија од соседното Грофовија Мајсен, зачетникот на подоцнежниот Електорат и Кралство Саксонија. Со поделбата на династијата Ветин во 1485, Тирингија преминала под владение на делот Ернестин од семејството, која потоа била поделена на голем број помали држави, според саксонската традиција на поделба на наследството помеѓу машките наследници. Овие биле „саксонски војводства“, составени помеѓу другите од државите Саксо-Вајмар, Саксо-Ајзенах, Саксо-Јена, Саксо-Мајнинген, Саксо-Алтенбург, Саксо-Кобург и Саксо-Гота; Тирингија главно останала како географска областа.

Тирингија главно ја прифатила реформацијата. Католичката вера била укината во почетокот на 1520; свештениците кои останале верни на Католичката црква биле истерани, а црквите и манастирите биле уништени, особено за време на Германската селанска војна во 1525. Во Милхаузен и на други места, Анабаптистите пронашле многу приврзаници. Томас Минцер, водач на некои немировни групи на оваа секта, бил активен во овој град. Во рамките на границите на Тирингија, католичката вера била практикувана единствено во округот Ајхсфелд, кој бил под власта на Мајнчкиот архиепископ и во помал степен во градот и околината на Ерфурт.

Thumb
Оваа германска карта прикажува многубројни држави во Тирингија во рамките на Германското Царство во 1905.
Thumb
Карта на тириншките држави во 1890

Некои прекројувања на државите во Тирингија се случиле во текот на периодот од 1795–1814 и територијата била приклучена кон наполеонскиот Рајнски Сојуз, создаден во 1806. Виенскиот конгрес од 1815 ги потврдила овие промени и државите во Тирингија биле приклучени кон Германскиот Сојуз; Кралството Прусија исто така добило некој дел од територијата на Тирингија и ја администрирало преку Провинцијата Саксонија. Тириншките војводства кои станале дел од Германското Царство во 1871 во екот на пруското обединување на Германија биле Саксо-Вајмар-Ајзенах, Саксо-Мајнинген, Саксо-Алтенбург, Саксо-Кобург-Гота, Шварцбург-Зондерсхаузен, Шварцбург-Рудолштат и двете кнежевства на линијата Ројс. Во 1920, по Првата светска војна, овие мали држави биле споени во една држава, наречена Тирингија; само Саксо-Кобург гласало за приклучување кон Баварија. Вајмар станал нов главен град на Тирингија. Грбот на оваа нова држава бил поедноставен од претходно.

Thumb
Грбот користен 1945–1952

Откако кратко била под конрола на САД, од јули 1945, државата Тирингија дошла под советската окупациска зона и била проширена со делови од пруска Саксонија, како областите околу Ерфурт, Милхаузен и Нордхаузен. Ерфурт станал новиот главен град на Тирингија.

Во 1952, Германската Демократска Република ги распуштила нејзините покраини и создала окрузи (Bezirke). Три окрузи кои се наоѓале на територијата на Тирингија биле во Ерфурт, Гера и Зул.

Покраината Тирингија била обновена со малку изменети граници по повторното обединување на Германија во 1990.

Remove ads

Религија

Повеќе информации Религија во Тирингија - 2009 ...

Од реформацијата, најголема религија во Тирингија било лутеранството. Во време на комунистичкото владеење, членството во црквите значително се намалило и денеска над половина од населението не верува во ниедна вера. До 2009, Евангелистичката црква на Германија била најголема религиозна заедница во покраината, со 24% од населението. Членовите на Римокатоличката црква изнесуваат 7,8%. 68,2% од населението на Тирингија се нерелигиозни или припаѓаат кон други вери.[4]

Сообраќај

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads