Баварски Алпи
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Баварски Алпи (германски: Bayerische Alpen) — планински венец во североисточниот дел на Алпите.

Remove ads
Географија
Поимот „Баварски Алпи“ во поширока смисла се однесува на делот од Алпите што се наоѓа на територијата на сојузната покраина Баварија, Германија. Меѓутоа, повообичаено е под поимот да се подразбираат планините што се протегаат помеѓу реките Лех и Залах во Германија. Според оваа потесна смисла, во Баварските Алпи не се вбројуваат Алгојските Алпи (кои се во Баварија од релативно поново време) и Берхтесгаденските Алпи.
Remove ads
Одлики
Баварските алпи се одликуваат со земјишни облици како циркови, езера и типични леднички долини создадени од ледници кон крајот на последното ледено време. Наносите на реките од тоа време оставиле благ терен во предалпските висорамнини со езера и тресетишта.
Позначајни врвови
Планините во поширока смисла ги опфаќаат долунаведените планински венци. Наведените врвови се највисоките што се наоѓаат во Баварија, но не и во целата група. На пример, највисоката планина во Алгојските Алпи е Гросер Кротенкопф (2.657 м) се наоѓа во австриската покраина Тирол и затоа не е наведена тука.
Највисок врв на Баварските Алпи и во цела Германија е Цугшпице. Се наоѓа во западниот дел на венецот Ветерштајн и висок е 2.962 м. Има два мали ледника. Венците се подредени по висина.
Поврзано
- Баварски Предалпи
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads