Баварија

From Wikipedia, the free encyclopedia

Баварија
Remove ads

Слободната покраина Баварија  (Германски: Freistaat Bayern), со површина од 70.553 км2 и 12,4 милиони жители, е една од двете најјужни сојузни покраини во Германија. Нејзин главен град е Минхен.

Повеќе информации Знамиња, Грб ...
Remove ads

Географија

Баварија има меѓународни граници со Австрија и Чешка. Соседни германски покраини се Баден-Виртемберг, Хесен, Тирингија и Саксонија. Две поголеми реки течат низ покраината: Дунав и Мајна. Баварските Алпи ја дефинираат границата со Австрија, а на нив се наоѓа и највисокиот врв во Германија - Цугшпице.

Поголеми градови во Баварија се Минхен, Нирнберг , Аугсбург, Регенсбург, Вурцбург, Инголштат, Фирт и Ерланген.

Remove ads

Политика

Баварија има уникамерален Landtag, односно покраински парламент, кој се бира со универзално гласачко тело. Сѐ до декември 1999 постоеше Senat (сенат) чиишто членови се бираа од општетсвени и економски групи во Баварија, но по референдумот во 1998 година, оваа институција се укина. Претседател на парламентот е премиерот.

Баварија долго време беше бастион на конзервативната политика во Германија, а Христијанската Социјална Унија беше на власт до 1946 година. Секој премиер до 1957 беше член на оваа политичка партија.

Во 1995 година, Баварците одлучија да воспостават директна демократија на локално ниво преку референдум. Ова беше иницирано од асоцијацијата наречена Mehr Demokratie (Повеќе Демократија). Во 1997 година, Баварскиот Врховен Суд ги отежнуваше овие промени. Како и да е, Баварија има најнапреднати регулации на локална директна демократија во Германија.

Во изборите од 2003, ХСУ доби повеќе од две третини учество во баварскиот парламент. Ниедна партија од повоена Германија не го постигнала ова.

Од историска гледна точка, Баварија беше една од најлибералните покраини, сѐ додека руралните области Швабија и Франконија беа анектирани во 1814/15 на конгресот во Виена.

Кралството Баварија и Војводството Баден беа првите германски покраини кои имаа устав во раниот 19 век.

Remove ads

Поврзано

Надворешни врски

Remove ads
Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads