Бад Мускау

From Wikipedia, the free encyclopedia

Бад Мускауmap
Remove ads

Бад Мускау (германски: Bad Muskau; порано Muskau, горнолужички: Mužakow, полски: Mużaków) — бањски град во историската област Горна Лужица во Германија на граница со Полска. Припаѓа на округот Герлиц, во сојузната покраината Саксонија.

Кратки факти Земја, Местоположба на градот Бад Мускау/Мужако во рамките на округот Герлиц ...

Се наоѓа на Лужичка Ниса, која од 1945 ја формира германско-полската граница, веднаш спроти градот Ленкњица (порано Лугкниц). Во градот се наоѓа западната половина од познатиот Парк Мускау, дел од светското културно наследство на УНЕСКО.

Remove ads

Историја

Мускау бил основан во XIII век, а првпат бил споменат во 1249. Државното грофовија (Standesherrschaft) Мускау било најголемо во Светото Римско Царство. Припаѓало на грофовијата на Горна Лужица, земја на чешката круна, која од 1635 со Прашкиот мир преминала на изборното кнежевство Саксонија, а потоа на Кралството Саксонија во 1806. Поголемиот дел од Горна Лужица бил припоен од Прусија според Виенскиот конгрес во 1815 и бил администриран во рамките на покраината Шлеска.

До почетокот на XIX век, директни владетели на Мускау биле грофовите Каленберг, наследени од 1845 од грофот (подоцна принц) Херман фон Пиклер-Мускау, подоцна од принцот Вилхелм Фридрих Карл фон Оранин-Насау, а потоа од грофовите фон Арним, сè до нивното бегство во април 1945. По Втората светска војна, бил поделен долж реката Ниса, помеѓу Источна Германија и НР Полска. Околу две третини од паркот преминал под полска управа.

Во 1962, Мускау бил преименуван во „Бад Мускау“ откако била изградена неговата терапевтска бања.

Remove ads

Збратимени градови

Луѓе

  • Натаниел Готфрид Леске (1751–1786) — природонаучник
  • Леополд Шефер (1784–1862) — писател и композитор
  • Херман фон Пиклер-Мускау (1785–1871) — познат градинар и писател, основач на Паркот Мускау
  • Густаф Фехнер (1801–1887) — психолог
  • Едуард Пецолд (1815–1891) — пејзажен градинар

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads