Базалт

вид вулкански камен From Wikipedia, the free encyclopedia

Базалт
Remove ads

Базалтмагматска карпа, со темна или црна боја, која се одликува со својата тврдост. Оваа карпа е потврда од гранитот. Базалтот го сочинува дното на длабоките мориња и служи како многу добар градежен материјал, особено за градење на патишта.

Thumb
Базалт
Thumb
Базалт во Русија
Thumb
Базалт во форма на перници, Хаваи
Thumb
Базалтни столбови во Стаза на дивовите во северна Ирска

Обично е ситнозрнест поради долгото ладење на лавата на површината од земјата. Може да биде со порфирна структура, т.е. да содржи поголеми кристали во матрична форма. Може да има везикуларна или флуидална текстура. Базалтот обично е црн или сив. Базалтните магми се оформуваат со декомпресивно топење на Земјината кора. Повеќе од 90% од сите вулкански карпи на Земјата се базалт.[1]

Плиниј Постариот го користел зборот базалт.

Remove ads

Типови на базалт

  • толеитски базалт има релативно малку силициум и сиромашен е со натриум. Најголем дел од базалтот од океанското дно е од овој тип.
  • високоалуминиумски базалт кој содржи повеќе од 17% (Al2O3)
  • алкален базалт има релативно малку силициум, а богат е со натриум. Може да содржи алкален момирок и флогопит.
  • бонинит е андезит богат со магнезиум.

Петролошки одлики

Базалтот е карактеристичен по калцитниот плагиокласен момирок и пироксенот. Оливин исто така може да се најде во значајна мерка. Во базалтот може да се најдат и оксиди на железо или оксиди на железо и титан, како што се магнетит, улвоспинел и илменит. Поради присуството на тие материјали, базалтот има силни магнетни својства.

Во теолеитичкиот базалт има пироксени и калциум богат со плагиоклас. Матрицата на карпата често содржи кварц, тридимит или кристобалит. Во високоалуминиумскиот базалт присутни се фенокристали на момирок. Алкалниот базалт е без ортопироксени. Базалтот има високотемпаратурна течна и цврста фаза. Блиску до Земјината површина има 1200 °C. Повеќето телеолити се создаваат на околу 50-100 километри под површината, а алкалниот базалт се создава веројатно на 150-200 километри под површината.

Remove ads

Геохемија

Базалтот е богат со MgO и CaO, а сиромашен со SiO2 и Na2O. Базалтот најчесто има ваков состав: 45-55% SiO2, 2-6% алкали, 0,5-2,0% TiO2, 5-14% FeO и 14% или повеќе Al2O3. Составот на CaO вообичаено е околу 10%, а MgO има од 5 до 12%.

Високо алуминиумскиот базалт има 17-19% Al2O3.

Морфологија и текстура

Thumb
Базалтни столбови во Касел, Германија (старост: 60 мил. год.)

Формата, структурата и текстурата на базалтот покажуваат на кој начин излегол на површината, дали тоа било во море, со експлозивна ерупција или приерупција на лава. Кога базалтот излегува под вода, водата го лади и се создаваат карпи во форма на перници, низ кои се пробива лавата и создава нова површина.

Наводи

Литература

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads