Кварц

From Wikipedia, the free encyclopedia

Кварц
Remove ads

Кварц (SiO2) — еден од најзастапените минерали во Земјината кора. Има шестаголна кристална структура направена од триаголен кристализиран силициум (силициум диоксид, SiO2), со цврстина која има вредност 7 според Мосовата скала. Густината изнесува 2,65 г/см3.; Карактеристичен облик му е шестстрана призма која завршува во шестстрана пирамида, иако најчесто кварцот не се наоѓа токму во овој облик.

Кратки факти Кварц, Општо ...

Зборот е добиен од германскиот поим Quartz, кој пак е заемка од полското kwardy, што значи „тврд“.

Правилните кристали на кварцот честопати се наоѓаат во шуплините од карпите, а најпознатите вариетети се: цитрин - жолта боја, аметист - виолетов, морион - црн, чаден кварц - темнокафејав и други. Поголеми примероци на кристалот погодни за одбивање се наоѓаат релативно ретко, па и артефактите од овој вид на суровина исто така ретко се наоѓаат на археолошките наоѓалиште.

Еден од најпознатите вариетеи на кварцот е горски кристал, безбоен вариетет на нискотемпературен кварц, кој формира ромбоедарски призми со пирамидални рамнини на двата или само на едниот крај.

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads