Баленштет
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Баленштет (германски: Ballenstedt) — град во округот Харц, во германската покраина Саксонија-Анхалт. Се наоѓа на северниот дел од планинскиот масив Харц, околу 10 километри југоисточно од Кведлинбург. Општината ги вклучува и селата Бадеборн и Опенроде. Туристичкиот Пат на романиката, води низ Баленштет.
Remove ads
Историја
Баленштет бил првпат споменат во декрет од 1030, издаден од грофот Езико од Баленштет, син на грофот Адалберт, кој бил фогт на бискупијата Нинбург и Хида, ќерка на грофот Одо I на саксонски Остмарк. Езико (околу 1000-1059/60), чија сестра Ута се омажила за грофот Екард II од Мајсен се смета за предок на династијата Асканија. Тој ја подигнал соборната црква во Баленштет, која била посветена на светците Панкратиј и Авундиј во присуство на императорот Хенри III во 1046. Синот на Езико грофот Адалберт II му го доделил Баленштет на Опатијата Нинбург во 1073. Неговиот наследник Алберт Мечка, првиот владетел на Грофовија Бранденбург, го основал бенедиктанскиот манастир на местото и бил погребан во крипта во опатиската црква во 1070. Споменикот на Алберт се наоѓа во градскиот парк.
Неколкупати уништен во текот на германската селанска војна, манастирот бил секуларизиран во 1525 од асканискиот принц Волфганг фон Анхалт-Кетен во текот на реформацијата. Волфганг го одбрал Баленштет како резиденција и му го доделил градските права во 1543. Како поддржувач на протестантскиот крал Кристијан IV Дански во текот на Триесетгодишната војна, Баленштет бил запален и ограбуван од трупите на Албрехт фон Валенштајн во 1626.

.
По војната, градот и замокот биле изградени како летна резиденција на асканиските принцови од Анхалт-Бернбург. Во 1765, принцот Фридрих Алберт целосно ја преместил неговата резиденција од Бернбург во Баленштет и го донел времето на напредок, вклучувајќи го и подигнувањето на познатиот театар во замокот во 1788, најстариот театар во Саксонија-Анхалт и домаќин на композитори како што се Алберт Лорцинг и Франц Лист.
Дел од војводството Анхалт од 1863, Баленштет станал познат како резиденцијален град на добро познатата пензионирана Принцеза Фридерика од Шлезвиг-Холштајн-Зондербург-Гликсбург, кој умрел во замокот во Баленштет во 1902 или сликарот и автор Вилхелм фон Кигелген, чија куќа, сега е музеј.
Remove ads
Политика
Места во градскиот совет (Stadtrat), според изборите од 2004:
- Демохристијански сојуз: 8 (41,2%)
- Левица: 4 (18,2%)
- Слободни гласачи: 3 (12,6%)
- Слободна демократска партија: 3 (12,5%)
- Социјалдемократска партија: 1 (7,5%)
- Независен: 1 (5,4%)
Грбот е изменета верзија на тој од Грофовијата Баленштет, кој, пак, потекнува од грбот на Саксонија. Првпат е претставен во 1560, откако Баленштет ги добил градските права.
Remove ads
Сообраќај
Баленштет се наоѓа на автопатот (сојузен автопат) 185, кој води до автопатот 6 (Bundesstraße 6) и автопатот 14. Железничката услуга беше прекината во 2003. Мала асфалтна писта е на околу 5 километри надвор од градот.
Познати луѓе
Родени во Баленштет
Умрени во Баленштет
- Карл Кристијан Агте, композитор, роден 16 јуни 1762 во Хетштет, умрел 27 ноември 1797
- Вилхелм фон Кигелген, сликар, роден 20 ноември 1802 во Санкт Петербург, умрел 25 мај 1867
Remove ads
Меѓународни односи
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads