Есен
годишно време From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Есен — едно од четирите умерени годишни времиња, преодот од лето кон зима.
Во умерените климатски појаси, есента е сезоната кога највеќето култури се берат, а листопадните дрва ги губат лисјата. Ова е и сезоната кога деновите набргу стануваат пократки и постудени, ноќите подолги, а врнежите се зачестуваат.

Remove ads
Дефиниции
Астрономски, некои западни земји сметаат дека есента почнува со септемвриската рамнодненица (околу 23 септември) на северната полутопка, и мартовската рамноденица (21 март) на јужната полутопка, завршувајќи со декемвриската сончева пресвртница (околу 21 декември) на северната полутопка и јунската сончева пресвртница (21 јуни) на јужната. Меѓутоа ваквата поделба не е универзална. Исклучокот од овие дефиниции е ирскиот календар кој сѐ уште го следи келтскиот циклус, каде есента во се вбројува цел август, септември и октомври. Во кинеската астрономија, есенската рамноденица ја означува средината на есента, за окја се смета дека започнала околу 7 август).
Од друга страна, метеоролозите го сметаат за есен сет април и мај на јужната, и септември, октовмри и ноември на северната полутопка. Иако по летната сончева прествртница деновите почнуваат да се скратуваат, обично во септември (северна полутопка) или март (јужна полутопка) квечерините стануваат приметливо пократки и самата промена е понагла отколку одолговлечените квечерини на лето.
Есента обично го означува почетокот на школската година, бидејќи таа започнува рано во септември или март. Било која од овие дефиниции не е без мана бидејќи тие претполагаат дека годишните времиња се еднакво долги, и започнуваат и завршуваат во исто време ширум умерените зони на обете полутопки.
Remove ads
Есента како тема во уметноста и во популарната култура
Есента често се јавува како инспирација или тема во разни гранки на уметноста и во популарната култура.
Есента како тема во книжевноста
- „Есенски предели“ (српски: Јесењи предјели) - песна на српскиот писател Иво Андриќ од 1918 година.[1]
- „Есента, четириесет и првата“ - песна на руската поетеса Олга Бергхолц од 1941 година.[2]
- „Есенска песна“ - песна на францускиот поет Пол Верлен.[3][4]
- „Липа и есен“ — песна за деца на хрватскиот поет Григор Витез.[5]
- „Есенско расположение“ - песна на Јохан Волфганг Гете.[6]
- „Есен“ - кус расказ на македонскиот писател Драган Георгиевски од 2013 година.[7]
- „Есен (масло)“ - песна на рускиот поет Леонид Губанов од 1964 година.[8]
- „Есен (акварел)“ - песна на рускиот поет Леонид Губанов од 1965 година.[8]
- „Испраќање на есента“ — песна на македонската поетеса Јованка Денкова.[9]
- „Есенска слика“ — расказ за деца на македонскиот писател Киро Донев од 2013 година.[10]
- „Зимата се ближи“ — расказ за деца на Киро Донев од 2013 година.[11]
- „Доцна есен“ — расказ за деца на Киро Донев од 2013 година.[12]
- „Есен“ - песна на рускиот поет Иван Жданов.[13]
- „Перчинот на есента“ - песна на полскиот поет Јарослав Ивашкјевич.[14]
- „Во доцна есен“ (српски: U poznu jesen) - песна на српскиот поет Војислав Илиќ.[15]
- „Есен“ (српски: Јесен) - песна на српскиот поет Јован Јовановиќ - Змај.[16]
- „Есенско утро“ — песна на македонскиот поет Блаже Конески од 1953 година.[17]
- „Почеток на есента“ — песна на Блаже Конески.[18]
- „Зов“ — песна на Блаже Конески.[19]
- „Шум“ — песна на Блаже Конески.[20]
- „Есен“ - песна на рускиот поет Станислав Красовицки.[21]
- „Есенска песна“ (хрватски: Jesenja pjesma) - песна на хрватскиот писател Мирослав Крлежа.[22]
- „Есенска дождовна песна“ (српски: Jesenja kišnja pesma) - песна на српскиот поет Стеван Луковиќ.[23]
- „Есенска тажаленка“ (француски: Plainte d'Automne) - песна во проза на францускиот поет Стефан Маларме.[24]
- „Есенска вечер“ (хрватски: Jesenje veče) - песна на Антун Густав Матош.[25]
- „Во есен по есенски“ — песна на македонскиот поет Живко Николовски.[26]
- „Есенски ден“ - песна на италијанскиот писател и режисер Пјер Паоло Пазолини од 1944 година.[27]
- „Есен (пет песни)“ - поетски циклус на рускиот писател Борис Пастернак од 1916-1918 година.[28]
- „Златна есен“ - песна на рускиот писател Борис Пастернак од 1958 година.[29]
- „Есен“ (Јесен) - песна на српскиот поет Владислав Петковиќ - Дис.[30]
- „Есенска за нас двајцата“ - песна на македонскиот поет Анте Поповски.[31]
- „Есен“ — песна на рускиот поет Александар Пушкин.[32]
- „Доцна есен во Венеција“ - песна на германскиот поет Рајнер Марија Рилке.[33]
- „Крајот на есента“ - песна на германскиот поет Рајнер Марија Рилке.[34]
- „Есенска вечер“ - песна на германскиот поет Рајнер Марија Рилке.[35]
- „Есен во Чешка“ - збирка поезија на чешкиот поет Јарослав Сајферт од 1937 година.[36]
- „Се ближи есента“ - песна од истоимената збирка на полскиот поет Јежи Харасимович.[37]
- „Есен“ - расказ на полскиот писател Бруно Шулц.[38]
Есента како тема во популарната музика
- „Есенска зора“ (англиски: Autumn Dawn) — песна на американската рок-група Allah Las од 2016 година.[39]
- „Есенско лисје“ (англискиAutumn leaves) — песна на американскиот рапер Крис Браун од 2015 година.[40]
- „Есенско дете“ (англиски: Autumn's Child) — песна на американскиот рок-музичар Капетан Бифхарт (Captain Beefheart) од 1967 година.[41]
- „Есен“ (српски: Jesen) — песна на српската рок-група Катарина II.[42]
- „Есенска роза“ — песна на македонската поп група, Македонија.
- „Есенско лисје“ (англискиAutumn leaves) — песна на англискиот рок-музичар Ерик Клептон од 2010 година.[43]
- „Есенско лисје“ (англискиAutumn leaves) — песна на американскиот пејач Нет Кинг Коул.[44]
- „Есента во мене“ (хрватски: Jesen u meni) — песна на хрватската поп-рок група Парни валјак.[45]
Есента како тема во филмот
- „Есенска соната“ (шведски: Höstsonaten) - шведски филм од 1978 година, во режија на Ингмар Бергман.[46]
- „Есен во Њујорк“ (англиски: Autumn in New York) - американски филм од 2000 година, во режија на Џоан Чен.[47]
Есента како тема во сликарството
- „Есен“ (Jesen) - слика на хрватскиот уметник Златко Шулентиќ од 1921 година.[48]
Remove ads
Поврзано
- Годишно време
- Рамноденица
- Есенска боја на лисјата
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads