Балтоскандија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Балтоскандиска Конфедерација или Балтоскандија — геополитички концепт на балтичко-скандинавски (нордиска) сојуз (составен од Шведска, Данска, Норвешка, Исланд, Финска, Естонија, Латвија и Литванија).[1] Идејата била предложена од шведскиот професор Стен де Гер (1886–1933) во списанието Географски Аналер во 1928 година и понатаму се развила од професорот Казис Пакштас[2] (1893–1960), литвански научник од областа на географијата и геополитиката.

Remove ads
Развој на концептот

Пакштас во својата книга Балтоскандинавската конфедерација наведил дека терминот Балтоскандија првпат го употребил Стен де Гер во една статија во „Географски Аналер“ во 1928 година.[3] Во оваа книга Балтоскандија била опишана во неколку различни димензии: како географска и културна, како економска и како политичка и воена единица.[4] Казис Пакштас предложил еден од начините за малите народи да го издржат влијанието што доаѓало од големите е да се обединат и да соработуваат поблиску меѓу себе. Како што напоменува, обединување е можно само меѓу народи кои се слични по големината, географската средина, религијата, а меѓусебно треба да се почитуваат и толерираат.
Како што надворешната политика на Литванија се префрлила кон Северна Европа откако Далија Грибаускајте дошла на функцијата претседател на Литванија[5] гласовите што го доведуваат во прашање враќањето на идејата за Балтоскандиската Конфедерација се во пораст во државата.[6]
Remove ads
Застапување
Речиси 20 години, Академијата на Балтоскандија функционирала во Паневежис, Литванија. Основана била на 17 ноември 1991 година како институт за научни истражувања кој редовно организирале аранжмани кои се занимавале со балтичките и скандинавските културни, историски и политички контакти. Нејзините главни цели биле „да се развијат разновидни врски на земјите и нациите во регионот на Балтоскандија и да се интегрира културата на Литванија во културниот простор на Балтоскандија“.[7] Академијата била ликвидирана на крајот на 2009 година поради проблеми поврзани со финансирањето. Финансирањето било обезбедено од градската општина Паневежис, но функциите на академијата не ги задоволуваа критериумите на функциите на споменатата општина.
Remove ads
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads