Банаба

From Wikipedia, the free encyclopedia

Банабаmap
Remove ads

Банаба (гилбертански: Banaba / Bwanaba), или порано познат како Оушн Ајленд („океан“), е остров во Тихиот Океан. Политички островот е дел од Кирибати и се наоѓа на 300 километри источно од Науру. Островот има вкупна површина од 6.5 км2[1]. Највисоката точна на островот е 81 метар, што е највисока точна во Кирибати. Заедно со Науру и Макатеја, островот е еден од најзначајните пронаоѓалишта на фосфат во Тихиот Океан.[2]

Кратки факти Banaba, Географија ...
Remove ads

Потекло на поимот

Името на кирибатски е Bwanaba, но поради англискиот правопис, името во уставот на Кирибати било упростено на официјалната верзија Banaba. Името во превод значи „шуплива земја“.

Демографија

Thumb
Сателитска снимка на Банаба.

Месните жители на Банаба се етнички различни од останатото кирибатско население. Локалните традиции тврдат дека кланот Те Ака, по потекло од Меланезија, првично го населил островот. на островот има 4 села, од кои главно е Табијанг или денес познато како Антерен.

Повеќе информации Село, Население (попис) ...
Remove ads

Политика

Банаба е политичка аномалија. Иако официјално островот е дел од Кирибати, локалната администрација е од Рабискиот совет на водачи и старешини, кој е од островот Раби во Фиџи.

Претставникот на островот во парламентот на Кирибати на 19 декември 2005 година изјавил дека Рабискиот совет ја зема предвид идејата да го приклучи островот кон Фиџи. Ова проследило по недобивањето грант од трговијата со фосфат од страна на кирибатскиот парламент. Банапскиот претставик изјавил дека Банаба е сопственост на народот кој потекнува од островот Раби, не од Кирибати. Главниот проблем е што кирибатската влада не ги дава фондовите од трговијата со фосфат.

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads