Барле-Хертох
општина во покраината Антверпен, Белгија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Барле-Хертох (холандски: Baarle-Hertog, француски: Baerle-Duc) — општина на Белгија која претежно се состои од ексклави на територијата на Холандија.

Екскавите се сместени во холандската покраина Северен Брабант, но управно ѝ припаѓаат на белгиската покраина Антверпен. Во 2006 г. Барле-Хертог имал население од 2.306 жители. Збирно зафаќа површина од 7,48 км2, со густина на населеност од 308 жит./км2.
Remove ads
Географија
Граница со Барле-Насау

Барле-Хертох е познат по неговата сложена граница со Барле-Насау, Холандија.[2] Овој распоред е утврден со Мастришкиот договор склучен во 1843 г., а води потекло од достоинственичките имотни односи во средниот век. Се состои од вкупно 24 одделни парцели, од кои сите се физички неповрзани со самата Белгија на која ѝ припаѓаат. Општинско седиште на Барле-Хертох е Зондерајген, северно од белгиското гратче Мерксплас. Покрај него има и дваесет белгиски ексклави во Холандија и уште три парчиња долж холандско-белгиската граница. Воедно постојат седум холандски ексклави во рамките на белгиските ексклави (наречени противекслави). Шест од нив се во најголемата белгиска енклава, а седмата е во друга. Холандија има осма ексклава која е во соседен Хинховен на чисто белгиска територија.
Само две села од општината се на територија на самата Белгија: Зондерајген и Хинховен.
За време на Првата светска војна, овој распоред бил пречка за германската војска, која не можела да навлезе во тој дел од Белгија без да помине низ Холандија, која не дозволувала пристап. Така, овие делчиња од Белгија станале безбедно прибежиште за дејците на белгискиот отпор,[3] кои одовде ги насочувале противгерманските дејности со помош на криумчарен радиопредавател. Холандската влада ги оградила еклавните подрачја и поставила граничари, а на населението му изградиле црква и училиште.[4] Оваа ситуација не се јавила во Втората светска војна, бидејќи обете земји биле под окупација на Третиот Рајх.
Некои куќи во Барле-Хертох/Барле-Насау се поделени помеѓу двете земји. Во минатото холандскиот закон налагал порано затворање на рестораните отколку белгискиот, поради што пограничните кафеани ги преместувале масите преку линијата во белгискиот дел.[5] Целата состојба е производ на низа договори, продажби и размени склучувани помеѓу господарите на Бреда и војводите на Брабант во средниот век. Подрачјата со земјоделско земјиште и градби биле во состав на Брабант, а останатите делови ѝ припаѓале на Бреда. Ваквата распределеност е разјаснета и официјално доутврдена со Мастришкиот договор од 1843 г. склучен помеѓу Холандија и Белгија. Почнувајќи од во 1990-тите, практичниот живот во Барле е олеснет со пристапувањето на двете земји кон Европската Унија и склучувањето на Шенгенскиот договор.
Во Барле-Хертох има бројни продавници за огномет бидејќи белгискиот закон е попопустлив од холандскиот, што привлекува многу купувачи од Холандија во предновогодишниот период.
Список на енклави
Холандски енклави
Сите овие енклави се во состав на општината Барле-Насау (Холандија).
Белгиски енклави
Сите овие енклави се во состав на општината Барле-Хертох (Белгија) и се опколени од општината Барле-Насау (Холандија).
Remove ads
Образование
Во Барле-Хертох има две училишта: „Де Флиндер“ и „Де Хоризон“.[7] Дели заедничка библиотека со Барле-Насау, каде вработените се од обете националности.[8]
Познати личности
- Петрус Кристус — истакнат сликар од XV век.
Поврзано
- Барле-Насау
- Барле
- Турнхаут (округ)
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads