Холандија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Холандија (холандски: Nederland) — европскиот дел од Кралството Холандија (холандски: Koninkrijk der Nederlanden). Холандија е парламентарна демократија со уставен монарх, сместена во северозападна Европа. Се граничи со Северното Море на север и запад, со Белгија на југ и со Германија на исток. Холандија е административно поделена на 12 провинции. Денешните граници на Холандија се утврдени во 1839 година.
Холандија е една од најгусто населените и географски најниско позиционираните земји во светот, позната по своите брани, ветерници, кломпи, лалиња, велосипеди и толеранција.
Remove ads
Етимологија на име
Историја
Бургундска и Хабсбуршка Холандија (1384–1581)
Четиридневната битка, 1–4 јуни 1666 (Втора англо-холандска војна)
Ниските Земји во доцниот 14ти век
Вилијам I, лидер на Низоземската револуција
Во времето на Карло V, император на Светото Римско Царство и крал на Шпанија, територијата на денешна Холандија била дел од седумнаесетте покраини на Ниските Земји, кои вклучувале поголем дел од денешна Белгија, Луксембург и дел од Франција и Германија. Во 1568 година започнала војната за независност против шпанскиот крал Филипе II, син на Карло V. Во 1579 година северниот дел од седумнаесетте провинции објавиле независност обединувајќи се во Утрехска унија, која се смета за почетокот на денешната држава Холандија.
Холандска Република (1581–1795)
По војната, таа во 1648 година добила формална независност од страна на кралот Филип, и под името Република на седумте ниски земји постепено се преврнала во една од најразвиените земји која ги поседувала главните морски патишта во 17 век. Во тоа време, Холандија создала многу колонии во Новиот Свет.
Батависка Република и кралство (1795–1890)
По соединувањето ѝ во империјата на Наполеон Бонапарт во 1815 година било создадено Кралство Холандија кое ги вклучувало денешните Луксембург, Белгија и Холандија. Во 1830 година, Белгија добила независност, а по смртта на Вилхелм III се одделил и Луксембург.
Светските војни и потоа
Во текот на Првата светска војна, Холандија останала неутрална, а во Втората светска војна била окупирана од страна на Нацистичка Германија. По војната, Холандија станала член на Бенелукс. Во 1957 година станала членка на Европската економска заедница, која е претходник на ЕУ. Претходно, во 1949 година Холандија станала член на НАТО.
Remove ads
Географија

Холандија е кралство кое се наоѓа во Западна Европа. Вкупната површина на земјата изнесува 41.526², и според тоа се наоѓа на 135 место по големина во светот. Земјата граничи со Северното Море на север и запад, со Белгија на југ и со Германија на исток.
Холандија е една од најнископоставените земји во светот. Околу поливина од нејзината територија се наоѓа под еден метар надморска висина. На нејзината територија се наоѓаат четирите делти на нејзините најголеми реки: Рајна, Ваал, Меза. Холандија е на трето место на најгусто населените земји во светот. Највисокиот дел на Холандија се наоѓа на 321 метар.
Клима
Холандија има морска клима со благи зими и умерени лета. Климата е под влијание на Северното Море кое цела година ја регулира. На север температурата е цела година малку пониска од температурата на југ. Крајбрежните, југозападните, западните и северните провинции во есенските и зимските месеци имаат поблага клима отколку источните и североисточните провинции. Во лето од прилика најтоплите предели се источниот дел од брабант и северниот дел од Лимбург. Просечно најстудениот месец во повеќето предели е Јануари, а најтоплиот месец е Јули. Во последниве години се зголеми просечната температура во Холандија.
Најсончеви делови во Холандија се западниот дел од Зеланд, и северозападниот дел од јужна Холандија. Со исклучок на островот тексел со 1600-1700 сончеви часови. Просечно 790 mm. дожд во годината.
Политички систем

Кралството Холандија е држава со парламентарно уставна моранхија. Кралот е шеф на државата и ја претатсвува. Извршната власт ја има Советот на министри на Кралството Холандија кој е одговорен за другиот дом на работната влада. Преседателот и министерот го именуваат кралот. Државата е поделена на 12 провинции, а границите меѓу нив ги одредува парламентот. Извршниот орган на провинцијата е кралски советник. Судската власт ја сочинуваат Холандија, Аруб и Холандски Антили. Сите три дела се рамноправни. Избирачко право имаат холандски државјани постари од 18 години, а псивно постари од 21 година. Од 30 април 2013 г. на престолот е кралот Вилем-Александар, наследувајќи ја неговата мајка Беатриса која му го отстапила престолот. Престолот се наследува по женска и машка линија според наследниот ред. Холандија има дводелен парламент составен од Горен дом кој има 75 и Долен дом кој има 150 члена. Седиштето на парламентот е во Хаг. Законите мора да бидат усвоени од двата дома и мора да бидат прифатени од Кралот.
Remove ads
Административна поделба
Холандија административно се дели на провинции и општини.
Стопанство
Население и јазик
Со 484 жители на км2, Холандија е една од најгусто населените земји во светот. Во јуни 2006 Холандското населението беше 16.336.000, од кои половина живеат во најгусто населениот дел на државата.
Холанѓаните се едни од највисоките луѓе во светот, со просечна висина од 1,81 метри за мажи и 1,68 метри за жени.
Населението на Холандија вклучува членови од многу земји во светот. Холанѓаните сочинуваат 80,6 %. Повеќето имигранти доаѓаат од Германија (2,4%) и Белгија (0,7%), потоа од поранешните колонии Индонезија (2,4%) и Суринам (2%), и конечно Мароко (2%) и Турција (2, 2%).
Remove ads
Култура во Холандија
Религија
За време на реформацијата, Холандија станала анабаптистичка, менонитистичка и калвинистичка земја. Овие религиозни движења биле поттиснати од страна на Шпанците, кои ја поддржаа контрареформацијата. По независноста, Холандија го прифатила калвинизмот како државна религија, но се практикува верска сакале да го наметнат католицизмот. Католиците, кои доминирале во јужните провинции на земјата, не им било дозволено да ја проповедат својата религија отворено. Тие еманципирале за време на 19 век и XX век, преку пиларизацијата, со формирање на сопствените социјални заедници. Во XX век веќе започнал да опаѓа процентот на религиозните верници: повеќето од холандските евреи не го преживеале холокаустот, а во средината на XX век, голем број од протестантските и католичките верници ја напуштиле црквата. Бројот на исламски верници значително се зголемил, како резултат на имиграцијата. Како една од причините за намалувањето на бројот на верници се смета социјално-либералната политика кон абортусот, евтаназијата, проституцијата и бракот од ист пол. Од 2000 година постои зголемена свест на религијата, главно како резултат на муслиманскиот екстремизам.[4]
Денеска, најголемата религиозна организација е Римокатоличката, со 26.6% од вкупниот број на население, а помали се протестантската со 16.8%, муслиманската со околу 6% итн.
Remove ads
Музика во Холандија
Спорт во Холандија
Холандија како тема во уметноста и во популарната култура
Наводи
Надворешни врски
Поврзано
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads