Бауц-Морганова класификација
класификација на галактичките јата From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Бауц-Морганова класификација — систем на класификација на галактичките јата според нивната морфологија разработен во 1970 г. од Лора П. Бауц и Вилијам Вилсон Морган.[1] Ги дели јатата на три типа: I, II и III. Допуштени се и меѓутипови (I-II, II-III). Првочно постоел чевтрти тип, но истиот бил отфрлен пред конечното објавување на трудот.[2]
Класификација
- тип I — јато во кое главна улога има сјајна суперџиновска елиптична галаксија (тип cD); на пр. Ејбел 2029 и Ејбел 2199.
- тип II — јато што содржи елиптични галаксии чија сјајност во однос на јатото е меѓу онаа на типот I и типот III. Ваков пример е Береникина Коса
- тип III — јато без забележителни галаксии, како на пр. Девица. Се дели на тип IIIE и тип IIIS
- тип IIIE — јато без поголем број на џиновски спирални галаксии
- тип IIIS — јато со голем број џиновски спирални галаксии
- Отфрлениот тип IV бил наменет за јата чии најсјајни галаксии се претежно од спирален вид.[2]
Remove ads
Примери
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads