Бафинов Залив
море From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Одвоен од Арктичкиот басен со островот Елсмир и деловите на Канадскиот Архипелаг, Бафиновиот Залив е главно длабоко арктичко море. Од средината на август до октомври, во залиов нема лед, но зиме се образува ледена покривка и се движи југоисточно носен од постојаните ветрови. Поради масите натрупан лед кои влегуваат од северните протоци и ледените брегови што се откршиле од ледниците на северозападниот дел на Гренланд, овој залив не е пловен во најголемиот дел од годината. Важна особеност е Северната водна полинија, отворена водна површина каде би се очекувала дебела ледена кора. Нејзиното постоење може да се поврзе со топлата Западногренландска струја која во заливот влегува од југ.

Remove ads
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads