Беглериево

село во Кукушко, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Беглериевоmap
Remove ads

Беглериево (Беглерија или Бејлери, грчки: Ξηρόλακκος, Ксиролакос, до 1926 г. Μπεϊλερλή, Бејлерли[2]) — село во Кукушко, Егејска Македонија, денес во општината Кукуш на областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 41 жител (2021). Сè Втората балканска војна било населено исклучиво со Македонци.[3]

Кратки факти Беглериево Ξηρόλακκος, Земја ...
Remove ads

Географија

Селото се наоѓа јужно од градот Ругуновец, на левиот брег на Вардар.

Историја

Во Отоманското Царство

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г., Беглерија (Begleria) било село во Кукушката каза со 15 домаќинства на 68 Македонци.[4][5] Според статистиката на Васил К’нчов во 1900 г. Бејлери броело 125 жители, сите Македонци христијани.[4][6]

Во Калиново пуштило корени унијатството, но во 1900 г. селото се откажало од него и станало егзархиско. Причината за ова е фактот што православните егзархиски свештеници им забраниле на нивните верници да склучуваат бракови со унијатите.[7]

Според Христо Силјанов, по Илинденското востание во 1904 г. целото село прешло под врховенството на Бугарската егзархија.[8] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев во 1905 г. во Беглерија (Begleria) имало 152 Македонци, сите под Егзархијата.[4][9]

Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) вели дека пред Балканските војни Беглериево имало 35 куќи на Македонци христијани.[10]

Во Грција

Беглериево е запалено од грчката војска во Втората балканска војна (1913), а населението избегало од селото — 11 семејства во Струмица и Струмичко, а 19 семејства во Бугарија. Истата година селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор.[3] Малку подоцна во Беглериево се доселиле 14 македонски смејства од струмичкото село Зубово кога грчката војска ја напуштала Струмица.[3] Со создавањето на Кралството СХС во 1919 г. тие се вратиле во родното село, а атарот на Беглериево бил откупен од велепоседничките семејства Бога, Зута, Брова и др.[3] Поседниците откупиле 1.200 хектари земја каде одгледуваат жито и памук со современа механизација. Во 1928 г. овие семејства броеле 101 жител.[3]

Remove ads

Население

Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads