Бедем
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Бедем[1][2] — вид одбранбен ѕид за поврзување на кулите и капиите во некоја затворена целина со цел заштита на објектите и луѓето внатре во неа од надворешни напади. Бедемите практично биле непробоен штит кој ги одвраќал напаѓачите од намерата да ги освојат капиите.


Делови на бедемот
Бедемите се состојат од ѕидови на чиј врв се изградени градобрани свртени кон надвор зад кои се наоѓала патека за движење на живата сила на одбраната.
Градобран
Градобраните биле добра заштита за бранителите од стрели а истовремено им овозможувале лесен напад на противникот.
- Градобраните се состојат од наизменично наредени ниски (45х55 см) и високи (155х165 cm) делови. Повисоките делови најчесто имаат мали отвори (т.н. пушкарници) кои служеле за извидување и исфрлање на разни проектили (стрели а подоцна и куршуми) врз живата сила на противникот.
- Патеките зад градобраните биле широки по 150 cm, а честопати и повеќе. Кон внатрешноста на бедемот вообичаено нема никаква ограда, но често се среќаваат бедеми со ниска ѕидана или дрвена ограда.
Ѕид
Remove ads
Освојување на бедемите
Тунели
Честопати напаѓачите копале тунели до самите темели на бедемот со цел да ги срушат или да отворат премин кон внатрешноста на утврдувањето.
Бомбардирање
Во текот на опсадата се користеле разни справи (катапулти, требушети, а подоцна и топови) од кои се исфрлале проектили од (камени блокови, а подоцна ѓулиња) со цел да биде срушен бедемот и да се отвори премин кон внатрешноста на утврдувањето.
Скалила
При јуришите на бедемите се користеле подвижни скали кои се наслонувале врз бедемите со цел војската да се качи на бедемот и да продре во внатрешноста на утврдувањето.
Remove ads
Познати бедеми
Наводи и белешки
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads