Бедфордшир

грофовија во Англија From Wikipedia, the free encyclopedia

Бедфордширmap
Remove ads

Предлошка:Инфокутија Англиска грофовија

Thumb
Врест Парк

Бедфордшир (англиски: Bedfordshire, скрат. Beds.) — церемонијална грофовија од историско потекло во источна Англија. Се граничи со грофовиите Кембриџшир на североисток, Нортхемтоншир на север, Бакингемшир на запад и Хартфордшир на југоисток.

Највисока точка е на Данстабл Даунс (243 м) на венецот Чилтернски Ридови.

Во 2002 г. пчелоносната орхидеја (Ophrys apifera) е избрана за грофовиско цвеќе.[1]

Грофовијата е на 14-то место по густина на населеност во Англија. Над половина од населението живее во двете поголеми градски подрачја: Бедфорд (102.000) и Лутон (236.000).[2]

Remove ads

Историја

Грофовијата по име првпат се среќава во 1011 г. како „Беданфордскир“ (Bedanfordscir), што значи „крајот на Бедфорд“, кој пак има значење „Бродот на Беда“ (Beda's ford) — место каде се преминува реката.

Традиционално Бедфордшир се делел на стотини стотини (hundreds): Барфорд, Биглсвејд, Клифтон, Флит, Мансхед, Редборнстоук, Стоден, Вајли, Виксамтри, заедно со самиот град Бедфорд и неговото подрачје.

Границите на грофовијата претрпеле неколку измени, особено во последните сто години.

Remove ads

Географија

На јужниот крај на грофовијата преовладува срт од креда познат како Чилтернски Ридови. Останатиот дел образува широк слив на реката Грејт Уз и нејзините притоки. Највеќето карпи се глинести и песочнички, и потекнуваат од периодите јура и креда, а има и варовник. Ледничките одрони од креда ги изложиле цврстите јазли од кремен во облик на чакал. Овој чакал во минатото се експлоатирал, а денес браздите се езера.

Клима

Бидејќи се наоѓа во источниот дел од Англија, Бедфордшир има релативно сува клима. Просечните врнежи во Бедфорд изнесуваат 597,6 мм годишно.[3] Највлажен месец е октомври (62,5 мм), а најсув е февруари (36,7 мм).

Просечната ниска температура во февруари преку ноќта изнесува 0,8 °C,[3] додека пак дневната висока во јули изнесува 22,1 °C.[3] Највисоката забележана температура за последниве две децении е 35,9 °C.[4] Во декември 2010 г, температурата паднала под -15 °C во делови од земјата (на пр. во Воберн).

Remove ads

Знаменитости

Легенда

  • Бедфордски замок
  • Чилтернски Ридови
  • Хаутонски Дом
  • Лутонски музеј и уметничка галерија
  • Мосманова збирка
  • Сомеришки замок
  • Стоквудски музеј на ракотворби
  • Животински парк Випснејд
  • Воберн Еби — дом на војводата од Бедфорд
  • Вобернски сафари-парк

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads